Секогаш кога тој идентитет ќе се навести, секогаш кога некоја припадност ќе ме ограничи, некој или нешто, ако така можам да кажам, извикува: позор, замка, фатен си во стапица; ослободи се, ослободи се.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Или ќе треба да измислат перверзни односи кон таквите облици или ќе треба да најдат во таквите облици можности или пригоди или дозволи за одредени нестандардни начини на чувствување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па тие деца што ќе се здобијат со нестандарден или со дисидентски родов или сексуален идентитет нужно си го градат тој идентитет во однос на главнотековните културни облици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Го вплеткува идентитетот на поединецот и го „расипува“ тој идентитет (да се послужам со добриот поим на Ервинг Гофман) со тоа што му внесува општествена дамка на погрешност, одбивност, дефектност.131 Но, додека можеби е лошо човек да биде педерче, тоа престанува да биде хендикеп штом ќе престане да се однесува на личност и штом наместо тоа ќе се однесува на цел еден свет, на некој откачен и шлакнат универзум што некој го создал.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Книгите, пак, за настраните семејства кои се посебно осмислени за деца од основноучилишна возраст, како што се Хедер има две мами, Џени живее со Ерик и со Мартин или Со Танго сме си тројца, иако можат и тоа како да придонесат кон дестигматизирањето на хомосексуалноста и кон поголема општествена толеранција, сепак баш и не го уриваат хетеронормативниот монопол врз формите на изразување што ги има во главните популарни жанрови.
Во секој случај, главнотековните културни облици ги даваат единствените жанрови што ги знаат повеќето деца.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вил и Грејс и понатаму си е ситуациска комедија; La Cage aux Folles и Кирија и понатаму си се бродвејски мјузикли; Сѐ за мајка ми и Лошо образование и понатаму си се мелодрами – и, било како било, тешко дека некоја од нив ќе биде дел од образованието во раното детство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Помалку, тоа секогаш го правам.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)