тој (зам.) - збор (имн.)

Сиротите животни со тажен поглед се утешуваа од зборот на нивниот газда, знаеја дека тој збор е полн со разбирање за нивната мака – тие и тој имаа иста цел: да стасаат до врвот, излегувајќи од темната магла, од коријата со згусната дабова шума.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сега тој збор повеќепати реско и силно го повторуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Морам да се сетам на тој збор, но и ова не е за потценување само што беше и ова што не беше за потценување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мојата работа е урнабабана и тој збор ми предизвикуваше експлозивна смеа до која не доаѓа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знаем дека тој збор ми беше страно важен, ама ете никако да се сетам кој збор беше а знам...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да, тоа беше тој збор што требаше да го запаметам, што беше важен, збор што го содржи клучот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нема да речам фанатик, не затоа што тој збор упатува на еден вид патологија, туку зашто навистина не би било точно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дојде моментот кога беше неизбежно да ми го објаснат тој збор.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меѓутоа, еден ден дојдов дома расплакана затоа што тогаш тој збор го доживеав како навредлив.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ете, токму тој збор падна во разговорот што го водев со пријателот Ернст на едно патување.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И шерифот и Хенри Фонда се екстремисти, но екстремисти на правдата и вистината, во најдобрата граѓанска смисла на тој збор и во најдобрата традиција на филозофијата, културата и политиката на Запад.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во нив за тој збор ќе ги пронајдеме изразите какви што се непријатно, страшно, неугодно, морничаво, итн., но тоа сепак не е тоа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таму тој нашироко расправа за етимолошките недоумици што го следат тој збор.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во книгата повеќе пати нагласив дека до идентитетот на граѓанинот во модерната смисла на тој збор не се доаѓа од хрватската традиција, а уште помалку од околностите, културни и политички, кои владеат и владееле на овие, не само хрватски простори.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но со тој збор се создаде таков метеж што е подобро да го отфрлиме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Помачете се што поубаво и подобро да го разберете значењето на тој збор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Тато - така викаат клинците.“ „За тоа не задевај ме, те молам, ако си ми другар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А и ти немој да си посмеал со тој збор да го спомнеш татко ми!“ реков вцрвен и готов да му се нафрлам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не можам. Ете така, мислам - и да не ме чуе би ми било како да го навредувам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вие сте духот на logos-от.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На едно око спијам со другото се мачам да го здогледам тој збор, испоснички сув, во кој е овоплотен животот кој се пресоздал во корени и историска скрб...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Жив остаток од епохата на создавањето зборот продолжува да создава живи светови наспроти пустините во душите ни.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ги одбираше Тој зборовите На Јасмина Шопова
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше, ги средуваше и со голем страв ги допираше оние меѓу нив низ кои се насетуваше беспризорно мрачната боја на крајот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во тој момент тој збор звучеше прекрасно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Скот: Не тој збор! Не изговарајте го тој збор...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа исто така значи народен, бидејќи тој збор трговците го користат за нивната трговија на големо. Du gros rouge претставува сленг за евтино црно вино, и поради тоа оваа фраза истовремено би можела да има и иронично значење: простачки чај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Anemique е тој збор кој значи анемичен или нездрав. Anime, уште една игра на зборови, значи жив. BAINS DE GROS THE POUR GRAINS DE BEAUTE SANS TROP DE BENGUE.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За тој збор народски да живи, под клевета тешка, од грчки свештеници, во Дебар го затворија ене, клетници, во ќелии сиви.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога би знаела предвреме излупена лушпа тој збор да го сфати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ова го велам бидејќи не сакам да се помисли дека се обидувам да промовирам некое друго лице што ќе биде спремно да ги презема на себе и моите одговорности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека мислам на себеси кога го изговарам тој збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Репродуцирајќи се себеси со секое ново поколение, културата го одржува идентитетот на заедницата од минатото кон иднината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од, да речеме, Американците, тие не претставуваат општествена група што постојано се обновува себеси во сите поколенија по пат на сексуална репродукција и примарна социјализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите изгледа не ѝ припаѓаат на „култура“ во некоја така крупна смисла на тој збор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секоја „култура“ што не се стекнува преку примарна социјализација мора да биде релативно површна, минлива мода или навика или светоглед, а не врежан начин на суштествување и на однесување; не би била многу длабоко вкоренета во субјективниот живот на поединецот или на групата, па би било лесно да се смени и ранливо би подлежела на промени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Успехот на зборот деконструкција без сомневање мора да се сведе на фактот дека деконструкцијата очигледно била почувствувана како антиструктурализам или постструктурализам, како што често се вели во САД. Јас никогаш не го употребив тој збор.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Рековте дека конечна формализација на јазикот не е можна. Па ако појавувањето, apparaitre, секогаш воедно нешто крие, значењето на тој збор сепак оди над и преку иманенцијата на јазикот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Еве, на пример: Секогаш кога ќе го слушнам тој збор, ги гледам членовите на сите комисии (жири, за избори, за селекција) како подготвуваат смеса што треба да ја запржи одамна приготвената манџа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Е, си помислив, мили мои, јас уште ќе ве посетам“ - и со тој збор ги напуштив гробиштата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Неволно заклучувам дека тие имаат некаква тајна непозната за смртните што тие внимателно ја кријат од секој смртник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- тој збор не сакаше ни да го помисли, а не да го изговори - А, што ако морам да абортирам...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ме боли срцето ако тој збор пречесто излегува од твоите усни, ако како флаер го делиш по сокаците, сквернавејќи го неговото вистинско значење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На тој збор и таа сигурно паѓа и бестелесно плови во твоите небесни очи, пиејќи ја со сласт амброзијата од твоите усни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога чула мечката од лисицата тој збор, отрчала во поле и го нашла штркот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И на тој збор и јас се загледувам нагоре, низ буките што се мрдаат, како да ги брсти гладна коза.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таков, измешан во неколку култури (како и неговиот фамозен сонародник Борхес), космополит во најблагородното (космичко) значење на тој збор, е и Хулио Кортасар, инаку авторот на можеби највлијателниот роман на втората половина на 20 век, Rayuela (на англиски преведен како Hopscotch; фр. - Marelle; срп. - Школице; мак. - Куцкамен, Плочка, Пркнипира, како што веќе ја знаете оваа игра на тркалање камчиња низ небото...).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според тоа, тој збор восхитувачки го сублимира и овој аспект од активноста на Duchamp.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
8 Зошто тогаш - речник? Тој збор, речник, се најде во мојот багаж на бегалец; идејата за еден друг речник, кој веројатно никогаш нема да биде напишан, патуваше со мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И не знам дали јас го усвоив него или тој мене, тој збор, тоа нешто, организер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во пишувањето тоа се одвивало со помош на таканаречени „детерминативни“ слики кои се ставале зад напишаното, и му давале смисла, а самите не се изговарале. (Ibid.,стр. 18): „Кога египетскиот збор кен треба да значи „јако“, зад неговиот алфабетски напишан глас стои слика на исправен маж; кога истиот тој збор треба да изразува „слабо“, зад буквите кои го прикажуваат гласот следи слика на стуткан, омлитавен човек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Всушност, тој збор не означувал ниту „јако“ ниту „слабо“, туку врската меѓу тие две и нивната разлика од која двете рамномерно настануваат...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Токму во текот на овој период (1920-1924), Duchamp го напиша најголемиот дел од своите најпознати анаграми и игри со зборови. Sel (сол) и во својата егзотеричка (сол) и во својата езотеричка (спи­ритус) смисла, ги означува разумот, луцидноста и острината на духот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така тој збор речник, кој се затекна во мојот избеглички багаж, оживеа како рефлекс да ги запишувам зборовите, не почитувајќи ги при тоа правилата, дури ни правилата на азбуката...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лебед, со крвава трага последен пат им го шепнал тој збор на ѕвездите и на изгазените млечки и булки на кои се потпрел со градите и брадата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Овој збор се претвори во жиг: внатре во СФ гетото некои аплаудираа, некои пцуеја, некои вложуваа во него, а некои дури сметаа дека тој збор не означува ништо, а имаше и такви кои во исто време аплаудираа, пцуеја, вложуваа во него и му го негираа значењето - типично постмодерен став, некој би рекол.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Реков примерен, проклет да бидам, поради тој збор за малку да го замрзам целиот свет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Запомнете го тој збор ако не сакате на секој чекор да ве клоцаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со сета предност и сиот баласт на своите млади и непрегорени години, Живко Чинго се вредува во нашата книжевност како еден од ретките (и: дали - последните?) писатели идеалисти, ако тој збор пред сѐ, го сфатиме како антитеза на инертната, бескрвна, апатична незаинтересирана и апстрактна симболика на рамнодушните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, го рече тој збор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сигурно јас уште не можев да знам што значи тој збор, воопшто бев многу прост и неук.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И твојот последен проект на некој начин е засегнат од некакви широки општествени случувања, и дури може да се каже дека е „ангажиран”, во најпозитивната смисла на тој збор.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И дали „трупот” (во оригиналот: мрц, заб. на прев.) е обид за нагалено обраќање кон лешот, т.е. кон стрвината, цркотината (што значи тој збор во Скоковиот речник) којшто, ете, со некоја морална инверзија (терор на акултурниот витализам) станал Севишниот, или писателот само реалистички го репродуцира чемерниот Weltanschauung на своето потесно родно место, тоа не е јасно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Не, тој збор не го знаев, но го знам тој вид луѓе, и тоа многу добро.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој збор не можеше да се употреби во неговото старо значење како „ политички слободен“, или „ интелектуално слободен“, зашто политичката и интелектуалната слобода не постоеја повеќе дури ни како концепти, па според тоа беа и безимени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Кажи, се сомневаш ли?“ „Се сомневам,“ ми рече. „Во мене?“ ја прашав. „Во секого. Во сè. И во себе.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Иако со Сања се сретна само еднаш, за него таа беше љубовница, и тој збор и помислата за неа беа израз на присноста негова кон отсутното што толку многу го сакаше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Знам дека тој збор, сомнеж, ти стои на врвот од јазикот. Молчиш,” и реков.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А кога ѝ рекол МАЈКО - и го повторил тој збор - дури тогаш го кренала челото ничкосано врз згрчените коленици.И го здогледала.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Седевме така еден наспроти друг, а во воздухот лебдеше страшната вест, тој збор што предизвикува таков страв и ужас кај луѓето - РАК.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но тој збор има уште пошироко значење и можеше да се чуе на секој чекор.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Почувствува дека тој збор и неа и него ќе го заболи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— И веднаш ги фрли очите во Тода, небаре сакаше потврда на тој збор, а во себеси си помисли: „Дали не ќе ми се смеат чупињата ако го зема него дека беше армасан?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нешка си го кладе тој збор во пазувата и немаше ништо толку силно да ја запре да не научи да пишува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаеше дека има бел отров во очите како оној што личеше на брест, како поднаредникот без веѓи, како тие двајца во оној ден пред тоа на планинскиот пат; знаеше дека нема право на тој збор но уживаше во дрскоста и мислеше на трите маслинки во паркот;и знаеше дека во ова студирање без сведоци може да остане само еден и да биде од тој час псамен патник на планина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Страшен беше тој збор со својата кртост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нека ми е уѓе: на таква глава таков брич, што го вели тој збор татко, ем ак има што го вели, чунки сѐ што ме учеше и ми велеше, сѐ по глава ме удри.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Патетичниот и „екстремистички” (западен, во онаа смисла на тој збор што имплицира баналност, т.е. непознавање и недостаток од емпатија кон било која Другост) текст за некогашниот гуру на рускиот андерграунд, Иља Кабаков, на некој начин е реплика на уводниот текст во оваа Маргина, за исто така рускиот уметник Кулик.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Ајде, искарај ме - ѝ реков - ако чувствуваш потреба да го сториш тоа, а за возврат ќе ти раскажам сѐ за жената од скалите, за писменцата што ти ги... - но Катерина ми ја затна устата со својата топла дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Слушнав како го спомнува токму тој збор додека се обидуваше да се насмевне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
8. З-ум-ирање  Во тој миг прелетува пред з-умот избезумена птица листовите затреперуваат сенките ја подотвораат устата како да сакаат нешто битно да кажат  тој збор е дошепнат независно од тебе фотографијата го памти шепотот има сопствен слух лична архива своја база на умирачки.  Меморијата е во чудна несразмерност со пикселите, асовите: тие не ѝ се доволни ѝ треба око, окото на Господ 31посебна состојба на духот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој збор го употреби и Сврделот! Зошто ...токму тој збор, мамо?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Имаше слушнато за тој збор, но не заеше што всушност значи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Поинаку кажано, предавањето за него претставувало начин на заработување за живот, туку начин да се создаде дело во она особено значење кое тој самиот му го придавал на тој збор: начин да се создаде “бојсовско дело”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во секогаш мошне одредени контексти, тоа е еден од можните називи всушност со метонимија да се означи она што се случува или што не успева да се случи, имено некој вид преместување кое непрекинато се повторува - и на дело секаде нешто е, повеќе отколку ништо (не) е; во она што класично се наре­кува текстови од класична филозофија, се разбира и пооделно, но исто така и во секој “текст” во една општа смисла што се обидувам да ја одредам со тој збор, имено, во искуството, во општествената, стопанска, технолошка, војна “стварност” итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во периодот на просветителството, кај Кант или кај Маркс, но исто така и во значе­њето на вреднувањето (на естетското или литературното) критиката претпоставува суд, доброволна одлука или избор меѓу два поими, а на поимите krinein, krisis таа им придодава одреден негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, се работи за основното место што за него го имал чинот на предавањето, не само заради тоа што тој сакал да зборува и да убедува и затоа што неговата харизма била голема, туку, како што пишу­ва неговиот биограф, “предавањето беше суштинска компонента на неговата волја за проширување на полето на уметноста”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа во сите значења на тој збор историјата (на европската) култура ја одразува како колонизација и деколонизација, пратеништво во широка смисла, импорт-експорт на национални и државни идоли, развластување, криза на идентитет итн. 4Каде води сето тоа?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, што останува од неговото присуство, од неговиот говор врз овие црни слики?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Или, поточно, верувам дека таа не припаѓа во класата знаење, што никако не значи дека треба да се откажеме од знаењето и да му се препуштиме на мракот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Значи лошо, а? - дофрли некој, а таа веднаш го прекина: - Да, така значи и... ете, туа, баш туа на врв јазик ми е тој збор шо го кажа другаро Захаријади... и шо, мене не ми текнува така брзо, значи дека е некој гопем збор, а големи, зборои можат да кажват само големи људје и тоа такви како нашио водач Захаријади.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мојот од е Еластичен, доколку тој збор го опишува она што навистина го чувствувам или доколку го чувствувам она што тој збор го опишува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Потем, една ноќ, сони нов збор, кој му изгледаше поприкладен: “академија”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се мисли ли на владетелскиот култ? Но, владетелот нема право да господари со свеста ниту да ги уредува мислењата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Оболевме од разни времиња” им велеше на оците во манастирот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојано ви говорат за доминантниот култ. - Доминантен! Господа, не го разбирам тој збор, морате да ми го објасните. Се мисли ли на затирачкиот култ?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За манастриот велеше дека би требало да се вика “лицеј”, оти тој збор повистинито ја претставувал убавината на градбата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој збор веќе го истеравте, а луѓето што го обезбедија правото на слобода, не бараат право на затирање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Терасата е корисна, но јас еднаш се досетив дека од неа би можело да се „извади и некој динар“, па ѝ предложив на баба ми да ја пренамениме (тој збор го употребува татко ми кога со Славко и со Кара разговараат за бизнисот) со базен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сфатив дека тој збор - пубертет, е некој многу значаен за мене и дека од него ми зависат многу нешта, па побрзав да го отворам Големиот речник на странски зборови и да се посоветувам со Братољуб.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога го изговорив тој збор, се збунив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така ние научивме, еднаш кога Јоле не беше во даскалницата, дека прле по старословенски се вели ОСЛЕ, та така јас и Николче тој збор му го залепивме како прекар.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мајка ми би зборувала на оваа тема „сто и една година” кога би ѝ дозволила, но одбегнува, зашто ја имам предупредено дека мразам да го употребува тој збор – пубертет, исто така мразам и описно да го употребува – „периодот во кој сум” и, воопшто, нема нешто што може толку да ме збесне и онерасположи како разговорите на таа тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но никој не ми е крив, јас постојано ѝ досадувам на тетка ми Оце и ѝ префрлам што ретко доаѓа кај нас со Дена и што немам шанса да се покажам како добра, голема и паметна братучетка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се обидував да се сетам на сето тоа што ми го раскажуваше Игбал. Ги распрашував моите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакав да прашам што точно значи тој збор, ама се премислив, оти и онака му го сфатив значењето – Дена овој викенд очигледно ќе биде во моја надлежност и самата ќе треба да се снаоѓам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кога, пак, брат ми ќе ми рече, ајде Бреза, смири ги хормоните, е, тогаш навистина добивам нервен напад.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Забележав дека тој збор го употребувам наместо бездушниот – умирање, или безличниот – починување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)