Тука е и димензијата на хетеронормативноста која Ворнер ја нарекува „репросексуалност – испреплетувањето на хетеросексуалноста, биолошката репродукција, културната репродукција и личниот идентитет“ во стил на живеење што создава „однос кон себството кое сопствените темпоралност и исполнетост ги гледа во поколениското пренесување“ и побудува етос на „себетрансценденција“ како основа на човечкото достоинство.467
Доминантноста на хетеронормативноста зависи од пробивноста и неминовноста на тој етос – многу повеќе отколку од задолжителната хетеросексуалност како сексуална практика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа создава етика на лична и колективна репродукција, имплицирајќи насоченост кон иднината.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествената еднаквост за геј-мажите и за другите сексуални отпадници, ако некогаш ја оствариме, нема сама по себе да ја урне културната и нормативната доминантност на хетеросексуалноста, ниту единствениот облик на интимност што оваа го создава и го наметнува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа отелотворува имагинативна структура што му дава значење на обликот на поединечно постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа нуди естетика на општествено суштествување кое се приврзува за обликот на еден прав живот и му дава убавина и вредност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)