тој (зам.) - дух (имн.)

Експресионистот, со други зборови, создава исклучиво во склад со диктатите на тој дух, па затоа сите формални идиосинкразии се оправдани во онаа мера во којашто се негов нужен израз.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во своите творечки периоди тој дух не бил ниту монолошки ниту дијалошки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во тој дух и го почна разговорот една приквечерина, додека го пиевме кафето по кусиот одмор попладнето, одбегнувајќи ја на тој начин, колку што беше можно, жегата на денот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во таа мека розовост една друга розовост со нечуен чекор се оддалечуваше од мене и јас за последен пат ја здогледав љубовта на мојот дух или на некој дух во тој дух и го запаметив нишањето ан нејзините колкови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете, тој дух, Танаско, ме крепи, ми дава сила.“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, зад непроѕирното платно, тој дух имаше блеското срце што занесено отчукува низ воздухот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но пет илјади пати тој дух зол кобно ме враќа кон тоа бреме.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Се сеќаваш ли, остана така далеку тој дух на старото време.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)