На ова тело сеуште ги чувствувам трагите од тој допир, мек, нежен, сигурен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Некако допирам до неа, иако тој допир не е опиплив.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Слеговме во Стоби; тој ме држеше за рака; немаше во тој допир ништо сексуално, ништо еротско; ме држеше како да е светец и како да сака да ме воведе во света тајна; одевме, и набргу се најдовме на местото каде тој се имаше опиено, пред толку години, на екскурзијата, крај мозаикот со паунот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Си создадов свет, кроен по мерката на моето срце, но неможамда најдам мир, имам се освен твојот шепот во белите утра.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Свикнати да не се делат, и сега Илко со коленото почесто ќе го поддопреше, чувствувајќи при тој допир некоја сигурност, пријатност.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)