И тој дожд, колку што му беше сојузник на баталјонот, толку и на Трајана.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И ти немој да ме тераш да одам под тој дожд зашто доста ми е овој и сите оние што ме врнеле досега...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)