Жената погледна кон темните прозорци на куќата пред која стоеја и се згрчи како да се крие, од тој грч стана уште поситна, понесигурна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега старчето како да имаше чурилка: ја криеше својата сенка, чиниш сака да ископа желад со дерачи или со секачи а копа со коленици: не се извлекува туку бега кон гнилост на лисја, на мртви корења, брза да се сокрие пред некој да му фрли самар врз козинавиот грб и со занес на пијан јавач да го потера кон бездна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој грч... Не можеше да живее со него...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И самиот паднав на коленици зад кошот и се мачев со мачењето на тој грч од црно и бело тесто на месо и на ткаен лен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше едно тешко чувство, една растргана тишина, од која нему устата сама му се искривуваше, не знаејќи дали да се посмее, или пак да се скамени во тој грч што одбива.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)