Гледал ту во еден ту во друг како низ чадлив превез.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под нивната сенка е еден гроб; тој гроб сум јас, кловн, и сонувам нож и крик на неа, сонувам две жени дојдени на таа замја од два чекори, да напуштаат и да бидат грабнувани.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На крајот пак од летото, отидов со нокти да го отворам тој гроб и да го прашам човекот внатре, зошто во сите години, во целиот заеднички живот, молчел за она што го нагонило да изгради брана и да го потопи Долнец?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Бев чул, дека тој гроб би можел да биде гробот на Никола Поцо, мојот предок, но немав сигурни сведоштва.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Кој е тој гроб?“ „Светот...“ „Како така?“ „Така... светот е од сите гробови - најголем гроб; кој заскитал во него - тој го знае...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Да“, реков јас. „Спомнав“ „Тој гроб, не е негов гроб“, рече Владе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го обземало несовладливо трепетење, го присилувало со болка да го надраснува оној златен и зелен жабурник, она море со мртви води, поинакви од оние што ги гледал кога по казна го воделе во солунската кула и кога го враќале од тој гроб од чии окови не се спасувал ни еден на десет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)