А ете ти сега - Батинци: убаво село на падините на Китка, подалеку е Караџица со врвот Солунска Глава, знаеш, велат, од тој врв се гледа и Солун и Егејско Море.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Да, го извршил пробивот, но за жал на тој врв ги оставил и своите коски - одврати Милорад Радиќ.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа се тесни стрмни козји патеки кои се издигаат од три страни угоре за влез во селото, се пробиваат низ густата дабова, букова и борова шума, се додека не се подрашират горе на висорамините, правејки така трон и на тој трон, на тој врв, меѓу трите висорамнини вгездено е селото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)