Сега чекореше понесен по тој ветер, просто како да се прегрнуваше со тој свој долго чекан и незаборавен ни во сонот пријател, одеше таму каде што го поземаше неговото немирно кискање, сѐ дури не стаса до работ од шумата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој ветер раскажува дека светоста на народот е јазикот и дека камењето сега раскажува за него. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Останаа песните Што ги грамадев За тоа небо За тој ветер За таа вода. дрво Дрво жолто, Дрво тажно Тажно дрво Тебе в кора Мене в срце Ми е Црвот. кредо Ме маѓепсува Тајното Ме спасува Сјајното. посакав да бидам друг Посакав да бидам друг Другиот посака да биде Јас Сега во себе ги носам И едниот и другиот Тој. до чедо Јакимовски Ти јавувам: Гугучките Испилија три Во клуновите семе Од твоите рими.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Беше задоволство да се дише тој ветер, наситен со киселикавата миризба на стоплените, разбудени буки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Добро знаел Хадријан дека има еден црн ветер кој доага од една густа дамнина и кој никогаш не може да го стигне - животот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Се додржуваше на тоа место, застанат и обидувајќи се да нанишани, наспроти на тој ветер, со последните сили. Еднаш успеа и да фрли.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)