тој (зам.) - бес (имн.)

Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имено, зад тој бес се криеше многу поширока одбивност која во онаа крчма на Оштрељ ќе биде дополнета со чувството на несигурност, всушност страв, за најпосле својот јасен израз да го најде во употребата на зборот unheimlich.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но веќе тогаш почувствував дека тој бес и пцостите не се однесуваат само на Милан Бабиќ, дека погодуваат многу пошироко подрачје од она на Книнската краина или дури и од она на политиката како таква.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
— Е, коџабаши? Бидна овој работа, а? Како излезе? — почна Арслан да го праша Трајка од кого пред тричетири дена подразбра и се спреми да го дочека нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)