Кај тој енормитет мене ме интересира тој аспект, дека креативноста тука се доведува до апсурд, но од друга страна креативноста всушност тука за прв пат е овозможена.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Согледувај ги, од тој аспект, оние, кои чувајќи ја лажната стабилност опстојуваат во својата закожурченост (примерот на татко ти).
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ни се чини дека разгледувањего на литературата на Чинго од тој аспект може да придонесе кон нејзиното поцелосно разбирање.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дерида го наслушнува медијниот аспект на глаголот - воскреснувајќи ја смислата на нешто кое е разединето или нарушено однатре - во самиот јазик - како спротиставено на нешто кои стои од страна и е одделено од другите, гледано однадвор - со “објективна” дистанца - и се обидува повторно да го впише тој аспект или загубен модус на дискурс во постојиот модус.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Како што можете да видите, MacGuffin е всушност баш ништо.” MacGuffin значи одговара точно на она што во Лакановата теорија настапува како objet petit a, објект - причина за желбата, што само претставува „позитивизација на ништожноста”: чисто причинување, чијашто „реалност” е само во интерсубјективноста, во тоа што го поттикнува случувањето меѓу субјектите, празно место што делува како причина за желбата и е како такво ретроактивно воспоставено од желбата. (Кога сме веќе кај тоа, таа темелна логика на MacGuffin доаѓа уште појасно до израз во друга верзија на истата приказна: „Што има во пакетот на полицата?“
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ако од тој аспект погледнете на проблемот, ако ја земете организационата и ударната сила на Организацијата во служба на македонското национално движење, дури тогаш во вистинската светлина се јавува опасноста за бугарското дело во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од тој аспект симптоматичен е пред сѐ расплетот на филмот, самоубиството на таткото по паѓањето на авионот во морето, откако ќе види дека главниот јунак и неговата ќерка се заедно и безбедни: на ниво на површна шпионско-политичка приказна овој самоубиствен потег е претеран, премалку основан, но ако ја земеме предвид либидиналната напнатост на филмот, тој е сосема разбирлив.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)