тој (зам.) - тебе (зам.)

Даниел никогаш не ги покажува своите чувства отворено, но јас знам дека тој тебе те сака.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И треба да знаеш, вели, ако не го заробиш ти него, ќе те зароби тој тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој тебе навистина ти кажал како што велиш, ама дома рекол инаку: за да не му се случело нешто лошо, ќе го пуштел Лумана по друг пат да помине.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уште кога му дал збор и ќе го донесе. Не ти мисли тој тебе лошо!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На многу ситни работи не обраќа внимание, не го гибаш - и тој тебе не те гиба.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)