тој (зам.) - таа (зам.)

Но кога тој таа вечер, наредниот ден и наредната ноќ, не дојде, мајка му, со шамијата в раце, лелекајќи се загна во Прилеп, кај делениците, за од нив да дознае нешто за Атанаса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој таа вечер ѝ дал шеќер, колку што имале дома, и таа малку како да се потсмирила, но за моментот. Потоа забележал и дека се нафрлила зугреби.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, таа доверба, што ја имаше тој таа вечер, можеше да ја зачува само првата година.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тие ништо не знаеле да ѝ кажат; ја посоветувале да се врати дома си и да чека да види на што ќе излезе сето тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа беше единствената на која сакаше да ѝ се пофали и, што е најважно, тој таа фалба ѝ ја должеше единствено најзе, без оглед на тоа што таа веќе му ја пееше и му ја имаше испеано она народната Свршија ли ергените, Како за тебе момите...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А тој таа можност ја нема. уште како малечок се сврза со црниот живот на мајка си и заедно со неа подеднакво го почувствувал и го споделувал навредливиот бич на сѐ она нечовечко и зајадливо спрема нив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој развива разни верзии на нивната можна приказна додека ветрот од заливот почнува сериозно да дува: таа тој, тој таа, оп цуп, ла ла, и тогаш еден ден аха - „Крај”, би рекла таа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)