тој (зам.) - секој (зам.)

Не знам колку години точно живееше дедо Ристо, тој секоја година кога ги броеше, по две–три повеќе си додаваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој секоја ноќ плаче во аголот од нашата соба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако не пресолувам - тој секое зрнце песок со недели го заобиколува.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во меѓувреме тој секој ден од продавницата купуваше по една конзерва кога месна, кога рибна, а понекогаш по две паштети зашто во продавницата имаше само од помалите, а исто така, на неколку дена купуваше по еден фишек хартија полн со стотина грама шеќер со коишто го прихрануваше смокот населен во меѓувреме во скребите од фурната крај неговата куќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)