тој (зам.) - себеси (зам.)

Самиот тој себеси се вбројува меѓу „граѓаните” или „urbannz”, како што тој пишува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Гледајќи се себеси како анонимен „син на векот” и немајќи проект за иднината или визија за минатото, тој себеси се доживува во сегашната, потресна и разбранувана, луда стварност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Таква е значи работата, си велеше тој себеси, јас, навистина и не мислев тоа да излезе онака... а потоа, по извесен молк, додаде: Така, значи!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никако тој себеси не можеше да се види влезен во такви капни па макар каква да е нужда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со својата фикција на Крлежа како Туѓманов советник тој себеси се легитимира како верен следбеник на хрватското револуционерно државотворство како јасно профилиран идеолошки концепт кој не е само резултат на супериорниот увид во стварноста, туку таа стварност, ваква кутра каква што таа денес е, допрва ја произведува и поткрепува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)