тој (зам.) - ви (зам.)

Радосни сме дека со доста напор и смело, во текот на ноќта, успеавме наполно да го уништиме непријателот и да го оневозможиме она што тој ви го приготвуваше ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој ви го подава фишекот и си молчи, барате да ви даде уште еден, тој ви го подава и вториот и повторно молчи, барате да ви даде и трет, тој ви го подава третиот и тогаш ја отвора устата и проговорува: „Немојте да одите на театар, претставата е катастрофа!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Тој ви го кажал тоа и ви оставил пари. Капар, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Уште порано пративме човек со нешто пари, ги потсетил Онисифор Проказник. - Тој ви кажал, мислам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Навистина, ние испративме човек од Кукулино да ви го каже тоа, со благородна надеж на разжабените усни рекол Каменчо Скитник; не можело да се разбере зошто никој не го поканува да ја земе гајдата и да им ги донесе сите птици на дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доце Срменков (а и другите каменоломци) секако сакал да знае зошто им се толку воденички камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АНГЕЛЕ: (Насмеано) Господа, ова беше мојата прва точка „Ненадеен скок”. Вам тој ви се причини нагол и ве изненади, а мене ми е природен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)