Околу полноќ беше на Будимеш, откаде преку ден во Прилеп се гледа и движењето на луѓето, но ноќта ги криеше и белите ѕидишта, та Ѓорче само си претстави во умот дека тука, долу, негде во темницата, спие неговиот Прилеп, та ни една светилка нема да светне. A тој чекаше баш од него — од Прилеп да светне сонцето на слободата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ах, Прилеп, Прилеп! Оросписки град. Пред дваесет и пет години ти собра потписи да се вратат Русите од Велес, сега со прст не мрдна да помогнеш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој чекаше со раката врз прекинувачот што го контролираше телекранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лузните, разочарувањата, болката и раните од животот со сета сила обидете се да ги затворите, не се срамете од нив, полесно ќе чекорите ако ја излечите душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Човекот знае силно да сака и ако сакаш некого, лесно е, кажи му, зошто можеби и тој чека да ти каже дека неможе без тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Денес и татко ти, додека го масирав со ракија, ми кажа дека е подобро ништо да не ти праќаме. Но зошто? Па тој чека од нас!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А тој чекајќи ја на клупата под зелениката во паркот зад стадионот, уште од далеку ја забележа нејзината неизбежна среќа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
ВЕРА: Се плашиш дека тој чека прилика?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Знаев дека тој чека. Не се оддалечив многу од неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дојдов до местото каде улицата свива, и чекав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го одвел автомобилот до касарната но таму веќе немало никаков Штаб; Штабот веќе бил повлечен негде надвор од градот, а стражарот пред касарната му рекол дека и тој чека наредба да се повлече, цели шест часа веќе ја чекал смената.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури почнал да се плаши дека го имаат заборавено.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)