тој (зам.) - успее (гл.)

Во случајов, а тој е само еден од примерите, кон онаа смрт на цивилизацијата на книгата, за која толку се зборува и која најнапред се пројавува преку грчевитото намножување на библиотеки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според тоа, сѐ се одвива како она што се нарекува говор да може, во своето потекло и цел, да биде единствено еден момент, суштински, но детерминиран модус, еден феномен, еден аспект, еден вид на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И тој успеал ова да го заборави, да замачка очи само во текот на една авантура: како самата таа авантура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој успеал пак да го пресврти воспитачот и јас сега немаше зошто да се чувствувам виновен пред него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неговиот маневар со кој тој успеа да го одбегне директниот судир со владината војска, го спаси партизанското движење од целосен погром.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За ваков вид работа Винстон беше добар и тој успеа повеќе од два часа да ја исклучи девојката од мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Разликата меѓу столот и Бога е во тоа што столот е една потреба на човекот која тој успеал да ја материјализира, а Бога не може.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, точно, претпоставувам дека тој успеа на свој начин да го направи токму она што го сака. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Глумејќи лудило тој успеал неказнето да го каже она што навистина го мислел за психијатарот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Така некако. !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Цело попладне вчера тој успеа да ги прикрие визиите, кои повторувајќи му се закануваа да се проектираат на екранот на неговата имагинација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најпосле Германија се врати, но тој успеа да ја сретне дури по неколку дена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа сепак не се оддалечи од него како што авторот се плашеше туку му даде време да се искаже ако во толку кратко време што и беше на располагање тој успее да го стори тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во разните спорови што се воделе во врска со ослободителната борба тој успеал да го наложи своето мислење и став.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Му предложив да викнам лекар, а тој успеа да се насмевне.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Еднаш, заедно со испокинатиот писок на дивината во ветривата ноќ, ситен во сето тоа рикање на југовината низ Белата Долина, тој успеа да ја дослушне и онаа тенка свирка на водената шурка, што беше потекла низ сифонот, долу, каде што беше машинеријата на неговата бичкија; беше тоа едвај чујно пиштење на металното копанче на турбината; знаеше дека сè уште му е рано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу тој успеа толку да се оддалечи од оние двајца, што веќе престанаа да му пречат и жарчињата од нивните цигари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А само во едно делче од мислите можеше и да биде сигурен дека оваа бука под него не могла ни да порасте на ниедно друго место, освен пред самиот раб на сета онаа шума надолу, што тој ја одеше целиот ден, и да се радува дека, сепак, тој успеал да ја пребори неа и да достаса до пред самиот нејзин крај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше еден речиси нефатлив дел од мигот, но тој успеа добро да види, како онаа единствена, одбрана животинка, го сети врз себе неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но уште веднаш во слизнувањето му се пристори пред погледот и тој успеа во еден миг да здогледа некакво помрднување; наеднаш имаше впечаток дека не е сам по таа угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Впрочем, подобро се заработуваше од професијата шофер, отколку што тој успеа да заработи со трите објавени книги и магистратурата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа што тој успеа да го постигне во однос на редот беше на таков степен што предизвикуваше општо одушевување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Книгата на Стивен Кох беше интересна, бидејќи тој успеал да напише цела книга инспириран од таа тема.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)