Но, дури и така растревожен тој сфати дека не сакаше да ја размачка белата хартија со тоа што ќе ја затвореше тетратката додека мастилото беше сѐ уште мокро.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште на почетокот на нивниот брачен живот тој сфати - иако можеби само затоа што неа ја познаваше многу подобро отколку што ги познаваше сите други - дека таа е без сомнение најглупавата, најпростата, најпразната душа со која некогаш имал работа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој сфати дека гласовите доаѓаат одозгора во кулата и, погледнувајќи нагоре, над главата виде ногарки од дрвени клинови, греди, диреци и потпорници.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На крај, кога за последен пат удри по жиците таа вечер, а девојчињата во публиката скокаа, пискаа и ракоплескаа, а тапанот сè уште се слушаше, тој сфати дека тоа е тапанот на неговото сопствено срце, расчукан само во неговите уши.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш мртов, напукнат ѕид му го затвори патот и тој сфати дека е ова стапица, не она на улица кога стрелаше и кога стрелаа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Успеав да не се помрднам и да останам цврсто в место. Тој сфати.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Оној ден, кога неговите родители му рекоа дека не сакаат да седат на иста маса, да јадат со неа, тој сфати колку е сè безнадежно.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Хелвиг ја погледна. По изразот во тој негов поглед, Марија виде дека тој сфати што се содржи во таа нејзина реченица. Таа нејзина воздишка...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Најсетне и тој сфатил дека бракот и сличните глупости можеле многу неповолно да се одразат на неговата кариера; дека ова можеби звучело по малку и неодмерено па дури и себично но тој бил уверен дека правилно ќе ги сфатела неговите причини бидејќи била полна со разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се разбира, знаел дека неговата одлука не е в ред, и таквата помисла многу придонесувала да се чувствува виновен, но сепак оценил дека разделбата е најдобриот крај за оваа врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На Зоки му се чини дека тој сфатил оти и овде има пријатели.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)