Плетон не го ставил потписот: - тој сметал дека латинската црква е дури и поголем непријател на слободната мисла, отколку православната (во тоа време грчка).
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Никогаш стручна литература за која што тој сметаше дека не е доволно едуциран, без разлика колкав беше хонорарот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Заради него јас уште во седмо одделение почнав да го читам Достоевски и тој ми стана омилен писател (потоа го препрочитував, особено Браќа Карамазови и Злосторство и казна).
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тој сметаше дека многу повеќе, се исплатува садењето компири, одгледувањето овошје, пред сѐ сливи, од кои во овој крај правеа надалеку позната ракија, што во секое време и секаде може да се продаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа имаше температура и тој сметаше дека, ако лежи, температурата ќе ѝ се нормализира.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој бил речиси сигурен дека станува збор за поединец од групата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во идниот момент беше дури и поодреден: тој сметал дека трагата што ќе го доведе до татко му веројатно водела кон борците што гостувале во нивниот дом по онаа позната борба зад Сина Скала.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој смета дека Македонците како литературен јазик си го имале старословенскиот – сѐ до половината на минатиот век, иако грчкиот во многу области веќе беше почнал да го заместува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во оваа полемика едно од мислењата го застапува политичкиот аналитичар Даг Бендоу (Doug Bandow) кој се залага за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој смета дека казнувањето на наркоманите во американските градови едноставно создава примамлив и опасен пазар кој се шири и вон границите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој смета дека легализацијата би ја зголемила достапноста и потрошувачката, што од морална или практична гледна точка би било неприфатливо.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Елиот Кари (Elliot Currie) одговара дека најголемото зло во врска со овој проблем произлегува главно од тешкиот данок што наркоманијата го наплаќа од зависниците, нивните семејства и пошироката заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На пример, тој смета дека: Зборот „конструкција” денес доведува до конфузија, за него треба да биде дадена Lock-овска или Kant-овска интерпретација. George Kelly го користи зборот во Kant-овска смисла (Rychlack 1991, стр. 85).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
На пример, главниот приговор на Ry- chlack е дека компјутерските модели на умот кои се развиени во AI и когнитивната наука се фундаментално некомпатибилни со Kelly-евата теорија за персонален конструкт (1955), и тој смета дека Kelly е во право. ]е потрошиме малку време во текстов разгледувајќи ја детално оваа изјава.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој сметаше дека има доволно аргументи за тоа и ќе настојува од своја страна да не се должи премногу за овој збор, макар што претпоставуваше дека неговиот пријател би можел да има друго мислење и аргументи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Турците, кои избегнуваат алкохол, ги прифатиле со радост овие семиња и ги приготвуваат во најсвечени седенки, но тој смета, кашлајќи забележа дубровчанецот, тој смета дека оваа пијачка наскоро ќе се служи и по ановите и по меаните, а особено меѓу оние што се нарекуваат поети и кои главно, и во неговиот Дубровник, ноќе ги пишуваат одите на своите љубени, и како месечари ланѕаат на месечина, пијани од љубов и изветреаност.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Истовремено ја порази што во тужбата пишуваше дека тој смета оти синот треба да остане покрај својата мајка.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Јас и Бил се согласуваме речиси во сè, освен во една работа: тој смета дека неодамна требаше да ја викне Кери Вошингтон како гостин во своето шоу, додека јас мислам дека тоа требаше порано да му текне и почесто да му текнува, барем до промената на власта (во Бушовиот режим Кери е лута опозиционерка, а лутината преубаво ѝ стои).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Само тој сметаше дека Дон Кихот не успеал да го најде излезот кон светот затоа што не успеал да го открие вистинскиот распоред на книгите во својата библиотека кои водат кон вистинскиот излез.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Затоа тој смета дека таа посебност е смислена за да збуни.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Како што беше веќе речено, на спомнатиот симпозиум, уводниот дел на известието на професорот Седларов беше изоставен бидејќи тој сметаше дека вметнувањето на личните збиднувања и видувања можат да ја намалат вредноста на научниот приод толку сериозно третиран во забелешките навдени во светите книги.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сепак тој смета дека на Владарот никој не смее да му го оспорува правото да владее.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Ја обикновениј дурак“ повтори тој можеби во единствена намера да го совлада срамот со кој беше исполнет до врв, „како полно шише вотка“, така самиот се изрази, и јас веќе знаев дека тој смета оти го пронашол лекот за својата болка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А замисли си што се случило. Не успеал никаде да го пронајде Штабот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Исто така, тој сметал дека „Балканот мора да ја сфати глобалната смисла на оваа војна, а тоа е дека ние мораме да создадеме слободен свет во кооперација со трите големи сили во слободниот свет – Русија, Велика Британија и САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во анализата на состојбите на Балканот посебно внимание експертите на Форин офис обрнале на терминолошките разлики.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Обичните луѓе на балканските народи сакаат ослободување од коруптивните домашни владеачки класи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сметал дека тие две чувства треба да се обединат, а тоа единствено би можело да се постигне ако балканските народи се слободни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој дури и ја набележал можноста, во случај ако македонското малцинство не ѝ прави сериозни проблеми на Грција, а во "интерес на праведноста", Грција да ги почитува малцинските права и да се однесува "строго но и пријателски, без дискриминација" на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кон ова се придружил и Влавијанос, кој го истакнал грчкиот пример на соработка меѓу ЕЛАС и Владата во емиграција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според информациите што му биле достапни, тој сметал дека на Балканот, во тој момент – крајот на 1943 година, имало две чувства, едното проруско, а другото прозападно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во врска со границата со Македонија, тој сметал дека таа кај Преспа и Кајмакчалан би требало да остане непроменета.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од тие причини, тој сметал дека е неопходно и без многу двоумење „да им ги разјасниме на Русите нашите посебни интереси во Источниот Медитеран, а оттука и во Грција и Турција, воедно и нашите интереси каде било на Балканот“, но потенцирал дека „со секој преземен чекор“ Британците би морале да бидат „многу внимателни и да не оставиме импресија на директен предизвик“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во поткрепа на тоа тој сметал дека би требало уште веднаш да се започне со практична акција, а како пример го навел ослободителното движење во Југославија, во кое биле вклучени комунисти и некомунисти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Дерида го претпочита терминот “регулирана трансформација” наместо преведување, бидејќи тој смета дека ние никогаш не ќе имаме транспорт на чисти означени од еден јазик на друг: Разликата никогаш не е чиста, ниту пак такво е преведувањето, и наместо поимот за преведување ние треба да го супституираме поимот за трансформација: една регулирана трнсформација на еден јазик со друг, на еден текст со друг.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Него го нервира само кога не знам нешто што тој смета дека би морало на моја возраст да се знае.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)