тој (зам.) - слуша (гл.)

Тој слушаше внимателно, нишаше глава и шмркаше не прекинувајќи ме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одеднаш му се јавува објаснението: тој слушал дека некои млади се ставувале по лозјата, имало дури случај да ги фатат. Таков е сега светот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Одеднаш тој слуша шушкот во лозјето над себе и како одење од човек.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој слушал неколку години црквена служба во манастирот и покрај молитвтите што ги беше научил напамет му остана како зборче она „паки, паки“ што го повторуваат поповите толкупати во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но какви се овие гласови? Тој слуша отаде како некое придушено смеење, кикотење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не, тој слушаше, јас си мислев на улицата, на прекинатата игра, на изразот на лицата на децата кога повторно ќе ме видат покрај нив.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)