тој (зам.) - седи (гл.)

А доцна ноќта некој потчукна на вратата од собата каде што спиеше Наташењка; вратата се подотвори, и влезе Матвеј Николаевич, нејзиниот татко.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога Наташењка си дојде на себе по несвестицата, тој седеше на креветот и ја галеше со белата рака по главата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И додека ние вртевме крукчиња на мразот тој седеше на трибината и решаваше крстозбори.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секогаш му студеа дури и на топло, ама издржуваше само за да не не остави сами.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Неговите приказни беа цели испомешани. Ги мешаше Клерк Гебл со Стен Лорел и сл.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се возевме наоколу цел ден, а тој седеше на задното седиште и ми раскажуваше приказни за Холивуд од старите денови, а потоа застанувавме кај „Gour- met Chalet” да купиме стек за неговата вечера која чинеше колку една моја дневница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А тој седи и очаен знае колку многу далеку е песната што пред малку ненадејно секна.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тие денови на големо гледање и мислење, што го гледаше и милеше Брчалото, некои од брезничаните, губејќи трпение, додека тој седеше во зелениот пластичен стол замислено загледан во Тумбица, но од сочувство за неговите маки, ќе му речеа: „Уште ли не можеш да го најдеш тоа што го бараш?“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имаше место во последната клупа и изгледа дека беше задоволен со тоа, зашто таму, во аголот, другите деца викаа, се префрлуваа преку клупите, се маваа со сунѓерот, ги влечеа девојчињата за прцлињата и изведуваа стотици други ѓаволштини, тој седеше стуткан во својот агол, отсутен, со мислите далеку од она што се случуваше околу него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И додека тој седеше во својот агол, во последната клупа, сите погледи беа вперени кон него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тој седеше до прозорецот, темна силуета, и гледаше надвор. Се уплашив – „Што правиш таму?“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Облечен во оваа иста униформа, со пушката потпрена на коленото, тој седеше пред исклучениот телевизор и се убедуваше дека стравот што го чувствува како грутка мраз во градите е сосема природен во таа ситуација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој седеше повисоко од другите и со показалецот го сечеше воздухот во сите правци, но секогаш кон одредено лице од кругот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Никој не рече дека ќе павиме поплака кај властите во Прилеп, вели Костадин Дамчески кој е старешина на Потковицата и кој зашто е старешина и тој седи на чело на трпезата, од десната страна Максимова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Среќа, си мислеше, што е замрачено и што тој седи така, наведнат и загледан пред себе, во жарчето на цигарата што ниту угаснуваше ниту се разгоруваше на врвот на долгиот килибарски чибук, па никој не може да насети што се случува со него и во него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние го гледаме со Мирчета, тој седи онака расчекорен и само тупка со нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас си збирам сливи, претурам од кошница в табла, а тој седи и го накрева шишето, го отпразнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој седеше под една праска, обидувајќи се да му го намести скршеното крило на еден клукајдрвец кој не можеше да лета. Й зборуваше на птицата. – Што е? – рече тој. – Фармерот, Џон Биро, – реков јас. – Ја посети нашата куќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тој седеше збунет, не знаејќи што да направи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На сите очите им одеа на ѕидот, на парчето побела вар каде што тој седеше, и го стегаа срцето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шаховската табла секогаш го чекаше, неговата маса во аголот беше секогаш резервирана; дури и кога местото беше полно, тој седеше сам покрај неа, затоа што никој не сакаше да биде виден како седи блиску до него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој седеше зјапајќи во мраморната шарка на корицата од тетратката, обидувајќи се безуспешно да го исклучи гласот од свеста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој седеше покрај ѕидот и молчеше, поттурнуван од нечистите тела, премногу обземен од страв и од болката во стомакот за да може да се заинтересира за своето опкружување, но сепак забележувајќи ја изненадувачката разлика во однесувањето меѓу партиските затвореници и другите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се освести ибн Пајко од замрсените мисли дури кога виде дека Калија станала од леглото, забележувајќи дека тој седи замислен во темното.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој седеше на чардакот од сарајот што го доби во тврдината, и опулот, наместо кон небото, ги пребројуваше катните и покривните греди, небаре недостоен да се насладува од синевината.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше вечер. Тој седеше во дневната соба. Гледаше во телевизорот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Него го бркаат горе, по Плачковица, а тој седи во нашиот трем со дедо ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој седи, ме гледа, дури и чашката ја тргна од устата, помислив ми ги мери зборовите, и јас, зошто да кријам, уште веднаш поверував дека го отрезнив, дека успеав со неколкуте зборови да брцнам во азното на суштината; дека ми појде од рака да ги закопам тие негови проклети бубачки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка ѝ прошепна Не е тука, злато, тој седи дома, овие се само неговите сватови.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој седеше дома и поради терапијата постојано му се спиеше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)