Набргу потоа, по гласот дека џандарите му го истерале окото, и тој пристигна во Потковицата (Тогаш, во 1939-та, во приквечерието на втората Голема војна, заедно со тодета во Потковицата се вратија и многумина други нашинци кои беа отидени таму некаде, низ светот) па луѓето можеа да се уверат дека вистина било тоа што се зборуваше за него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А Баге, како и неколкутемина суспендирани соработници од другите редакции, од тој пристигнат материјал драматизираа скечеви, дијалози и вицеви, кои потоа вештите актери ги говореа во микрофон со гарнир од студиска музика и наштимуван аплауз.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)