Задржа поглед на синото небо и со подзамижани очи, тој праша: - Велиш веленцето ти е даровно и на него си ги израснала и чедата и внуците?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ама еден ден на порта чукна корофилак и откако мајка му отвори, тој праша на грчки: - Дома ли е стариот?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Откако влегоа во дворот, трговецот му даде на детето неколку мангари41), го помилува по косата и му рече: - Ти си јуначе!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
А колку за нарачувања, таа ништо не нарача. И, кога тој праша: „кажувајте жени, сега шо да донеса“, таа остави на Митра и на неговата чест.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој праша: - Дечиња! Кое ќе биде толку добро да ми ја покаже куќата на коџобашијата?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
ги гледаше Висар на широкиот пат крај езерото испоседнати Ѓупците со разни бакарни садови што ги поправаа, калаисуваа и продаваа, ги гледаше како одат по куќите и бараат нешто за јадење, тропаат по вратите, а луѓето им викаа: „Сиктер, никогаш вас човек не може да ве нахрани; и кога Ѓуптинот го поставиле за цар, тој прашал: А што ќе правам за леб...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)