тој (зам.) - одржи (гл.)

Контактирал со неколку негови роднини и сограѓани и тие го претставувале кругот со кој тој одржувал врска, разговарал, критикувал или се шегувал.23 Орце ги сакал математиката и историјата, а сите други училишни предмети ги сметал за непотребни и слабо се интересирал за нив.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вој, вие, — покажа на Митрета, околу кого беа собрани азите и како нов член Марко Попов — виа ви се мудури, виа кајмаками, вие кадии, валии и паши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Марко промртка малку и се прими ама и тој одржа слично слово како Митрета и им се закани на сите непослушковци и шпиони дека сам лично ќе им го трга куршумот овде, на сретсело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никола Поцо, со трговско седиште во Цариград, тргувал со светот, а според сведочењето на мухтарот, на селскиот старешина на Маказар, кој е наведен во патописот на Барт, тој одржувал врски и се грижел за својот крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)