И сега, ете то, го теши Митрета и му го изложува својот план: — Каде е на конак аскерот? — Долно маало — одговори Митре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од Витолишча со педесет души аскер е в село? — му рече Митре на Илија и почна да се возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии: како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек — пред Организацијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стариот го интонира тржествено гласот, како да му поверува нешто драго и живо на Пискулиева, а тој
одговара скромно, здржано, но сепак свесен дека ја заслужува таа верба.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Зошто ја срамиш професијата на рускиот поет?“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
А тој одговара: „Срам ми е, Гаврил Романович, но што да се прави: не можам да не пишувам...“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во Мажјачиштето, кога Маркел, главниот јунак, го прашуваат, „Престана ли да уништуваш писоари?”, тој одговара: „Не можеш да го наречеш тоа уништување на направа, само поради тоа што таа не е доволно цврста да ја издржи првичната намена за којашто е направена!“
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но, за чудо, кога учителката ќе го прозовеше и ќе го запрашаше, тој одговараше.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Секогаш кога ќе го почнеше разговорот за тоа дека е крајно време да ја одведе кај своите, да ја запознаат, да ги запознае - тој одговараше дека нема време.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кога го прашуваа: што во тебе е преостанато еврејско, кога го имаш напуштено сето она што на твоите сродници и тебе ти било заедничко – и религијата, и националното чувство, и традицијата и обичаите, тој одговараше: „Она најсуштинското.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Никогаш не кажуваше што е тоа, но се подразбираше: крвта, она што не може да се смени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Судијата го прашува: Знаете ли кој беше тој што влегол кај покојната Босилка, а тој одговара ње знају?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)