Сепак стариот не сметаше дека е спогодбата заклучена дури не им изнесе на своите квартиранти некои строги прописи од домашниот ред и свои предупредувања од кои најважното беше дека тој нејќе ни да чуе за
нив, и подобро веднаш да си одат, само ако имаат некоја сколободија со власта, било таму од кај што дошле, било овде, кај што се сега.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој нејќеше ни да знае дали има некаква вистина во она што го чу од жените.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На Зоки му е радост кога некој се смее, но тој нејќе нему да му се смеат.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тој нејќеше да падне таква сенка на неговото чувство, а освен тоа сега му се чинеше - можеби со право - дека ова момче ќе може да го загрее за себе само ако успее да му ја претстави својата потреба како една заповест од животот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)