Донски, по прочитаниот пасус, со нагласена интонација, го погледна прашално својот заменик. Тој молчеше.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пригушнат до гробот, тој молчи и чиниш во молчењето сака да ја најде душата на Ѓорѓевица за да ѝ каже колку му е тешко без неа, колку е несреќен во осамата и колку голема е неговата болка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој молчи и ја загрнува сѐ уште топлата печка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тој молчи. Сака да замижи, да го остави на мира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој молчеше. Ќе ти ги дадам, му реков. И навистина му ги дадов.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го свртувам сега митралезот кон мофашите, чкрапам, а тој молчи, не ми се оѕвива.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Што направи, бре Бандо, што ти би да пукаш?“ го прашуваа луѓето, но тој молчеше потпрен со грбот на куќата; гледаше вземи и молеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Ова прашање на адвокатот го збуни Хелвиг. Го уплаши. Тој молчеше подолго време.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Додека копа и тој молчи, но во замолчаноста внесува прилична загриженост.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој молчи, цврсто закован за своето место.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но тој молчи. Го гризе лепчето и гледа во луѓето околу себе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Лангач, Лангач! - му вика Митре. Но тој молчи и не се враќа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но тој молчи и не ми ја врти главата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А никој не сакал дури ни да помисли оти понекогаш тој молчи и затоа зашто нешто слушнал и не дочул, а може и не разбрал.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Танас го прашува што му е, но тој молчи. Како камче да станал.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Војводата го испитува, а тој молчи и бара помош со очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ме носат назад кај Здравка. Тој молчи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го молам да се опули, да ми проговори, а тој молчи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)