Од времето кога почна да се смета дека секој, кој ја фали облеката на кралот - ја вели вистината, а секој, кој вели дека облеката ја нема - тој лаже.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Седбата, млекцето, несвршени работи? Море, море!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И сé започна имено од кралската облека.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
— А бре, ефенди, јас не знам нишчо, та тој лаже ли или и него го излагале, и тоа не знам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)