Тој секогаш беше многу реален, можеби заради тоа што беше скулптор.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Би било интересно да се размислува за овие нешта во термините на Витгеншатјновиот дискурс на јазикот, антропологијата, и сфаќањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс одеше многу далеку: тој зборуваше со животни и камења.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој зборуваше сѐ потивко и последните зборови одвај се чуја.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој зборуваше веќе без сила, колку да не замолчи одеднаш. После стана и се зашантра надвор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А, дедо, за да не оди чупчето расплакано да спие, се враќаше до пред куќата на Нановци и јa завршуваше приказната: - И скришум поминав одоколу, одокопу, олоколу... - тој зборуваше сѐ потивко, додека Циљка не заспиваше во скутот на мајка си.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Камилски наоѓаше врски помеѓу јазикот и кујната, зборот и вкусот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој зборуваше со голем занес, како пред катедрата пред некогашните студенти, како при одбраната на својата докторска дисертација во Сорбона.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се тресеа небото и земјата кога тој зборуваше!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да го земеме примерот на Лиотаровата филозофија, бидејќи вие укажавте на тоа дека тој зборува за прикажувањето на неприкажливото.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тој зборува. Сите него го слушаат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тој зборуваше за тоа каква би била таа куќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Цело време тој зборуваше само пред Евреите, оти не го познаваше добро јазикот на неверниците- Римјани, ниту пак оној на Галатејците, Кипраните или, скраја да е, на Македонците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тој зборуваше речиси чисто на јазикот од Сандри, и тоа не го скри, наместо да го заплашува со својот турски.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Секогаш и секаде каде што му се укажуваше можност, тој зборуваше српски.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој зборува за „неговиот нарцизам и неговата ладнотија...“, за „неговата безмилосна потсмешливост“ која никогаш не е „благородна“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Наутро, по ваквите ноќни разговори, тој зборува тихо а гледа далеку. По неговото чело шетаат сенки.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)