тој (зам.) - замине (гл.)

На крајот тој замина сам оставајќи ја на брегот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се разделија кога тој замина в град да продолжи да учи средно училиште, а таа остана дома.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но тој замина стеснето, кревајќи ги рамениците како самиот да беше виновен, а мене ми беше мило што не го изгубив воздржаното сожалување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Утрото, кога тој замина на работа, влегов во неговата соба и брзо ја барав сликата на мама со очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во 1912 година, со група селани, тој заминал за Америка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повесна и потресна е сликата од престојот на Христов на Балканот како дописник кога е толку блиску до неговото родно село Кономлади, на патот од Солун до Албанија со такси автомобил, кога гори од желба да се врати во селото и да го посети својот ”мошне сакан” татко; но носен од сознанието дека би можел да му наштети на својот родител од страна на грчката окупаторска власт, тој заминува со надрочени солзи во очите по патот преку границата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И сега, откога тој замина, ќе бидат уште погрди, ќе ги збогати тој нивните доживувања и нивната подлост со нови поединости.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На Раскрст се разделивме, тој замина дома на едната страна, јас на другата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој замина по своја работа, јас со парчето метал в рака, останав тука.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Храбрејќи ги малкутемина свои браќа по вера што ги остави зад себе во Ефес, со мислата за прататкото Мојсеј тој замина со молитва кон Учителот да ги омекне срцата на оние што сè уште не го сознале.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А штом тој замине, ти веднаш пак ќе дојдеш кај мене да ми кажеш и тогаш ќе ти биде моето сетно кажување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Првин заедно го ископавме гробот, а потоа тој замина кај браната да го земе ќуркот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И токму му се стори дека е веќе на дофатот до својот двор, кога чу сосема јасно како нешто 'ржи недалеку од него одзади по неговата трага, и сега место сѐ друго, тој замина со уште побрз и со уште пожилав чекор на прогонет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко му свика на коларот да растовари под него, но оној како да не го чу. Тој замина нагоре по сретселото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Харви бојата ја на­фрла со раце и целата сли­ка ја работи во еден здив, бидејќи, како што вели, „како при сексуал­ниот чин, боите мораат да останат влажни“ за да се мешаат и да се „валкаат“ меѓусебно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По сликањето тој заминува на педантно перење на рацете, „како по убиство“, коешто от­крива чувство на вина после задоволување на нагонот. (За Фројд сли­кар­ството е инфантилен нагон ѕидовите да се премачкаат со измет.) По оваа страсна акција, врз сликата се црта елегантен цртеж на некој порнографски мотив кој е препознатлив и читлив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)