тој (зам.) - живее (гл.)

Вака тој живееше и работеше мирно, во малкуто спокојно време пред неизбежните настани, кои сигурно не одеа во негов прилог.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Само една е вистината, - ми вели крајно убеден не само во тоа дека вистината е една, со што се согласувам, туку и дека една е оваа двојна вистина во која тој живее како во конечна вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
ПОГОВОР СВОЕВИДНА ИСТОРИСКА ЧИТАНКА (Кон романот „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески)
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Ете, пак Гоце е жив! Тој живее во секое училиште, во секоја ливада, нива, куќа, село, град, фабрика...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој живееше во Монастир, а тука, во Маказар, во нивната куќа, доаѓаше многу често.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кире ме покани дома. Тој живее, речиси, под Монмартр.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вичо, во близината на село Дробиште на западниот дел на езерото Мала Преспа, во селото Турје и во Лерин тој живеел и се движел слободно “меѓу Македонците кои го примиле и верувале“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој живее меѓу Колумбија, Њујорк и Европа. 1973 - 1974 Ботеро се населува во Париз.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа беше икона со пукнатина вдолж и отпрвин со нејасна содржина, па ја доближи до очи и се обиде да го види светецот и светот во кој тој живеел.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој живееше сам и реши полицајката да си ја прибере дома. „Неофицијално”, ми рече тогаш.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Така, тој живееше речиси во катови, цел ден носејќи некакви неприсутни слики в глава додека ги гледаше присутните, и предвидувајќи ги новите со точност што зачудуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сте ја напуштиле државата во која тој живее и работи!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А каде тој живее сега, сѐ уште таму?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој живееше два, три животи во еден. Го создаде музејот на животот на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Древниот град Ур во Месопотамија, првиот и најстар регистриран метрополис, го нема веќе на географските карти, но тој живее преку Епот за Гилгамеш, оној Гилгамеш кој ја бараше тревката на бесмртноста.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога е Зоки Поки во бањата, за тоа треба да знае сета зграда во која тој живее: И знае, ами како!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Реков, тој живееше за своите зборови; туѓите беа туѓи; туѓите беа биење вода во аван или во дибек.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи беше потребно да се направи некоја слика, таа работа ми ја доделија мене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Трите академски идеи кои навистина ме интересираат се: она што мојот учител (говорејќи за Сезан и кубизмот) го нарекуваше „ротирачко гледиште“; сугестијата на Марсел Дишан да се досегне Неможноста на доволно визуелна меморија за меморираниот впечаток да се пренесе од еден на друг сличен предмет; и Леонардовата идеја...дека границата на телото не е ниту дел од зафатеното тело ниту дел од околината на атмосферата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(...) Дали тој живее во истата збрканост и страв во која живееме и ние.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа прифати, со што му стави крај на возбудливото попладне: ­- Сега треба да учам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија се согласи со умерена доза на глумење лутина. По една недела, тој живееше сам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Имаме само еден дедо - ама тој живее во Битола и ретко се гледаме.“ „Ова е Теми - Темјана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Навидум авторот ни ја претставува мисијата која ќе го води од слободната и отворена Македонија, каде што тој живее, во различни места во сталинистичка Албанија, која ја напуштил пред триесет и седум години и која, речиси оттогаш, останува под сталинистичко ропство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Едо Бранов од Битола Битола веќе не беше Битола што авторот ја знаеше од времето на своите ученички денови кога тој живееше во Чифте-фурне каде што младоста му ја користеше една средовечна госпоѓа што не поднесуваше да спие во ист кревет со својот сопруг и кога градот имаше само нешто повеќе од триесет илјади жители.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само сакаше да види каде тој живее. За секој случај. Потоа ќе види како ќе постапиш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)