тој (зам.) - дојде (гл.)

Но сепак не знам дали тој дојде сам, дали беше повикан, дали нешто праша или просто нешто му беше кажано.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го поздравив, здраво, му реков. Тој дојде до мене и се потпре на рачката од сорот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Абре, аман!“ Тој дојде и се наведна над бунарот. „Вистина нема“, рече подзинат кога ја извади главата горе. „Нема“, реков пак јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мојот сонародник Драган многу ми раскажуваше за Уј и за тоа како тој дошол овде.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој дојде на овој турнир со цврста намера да го реши за себе двоумењето, надевајќи се потајно дека сепак не е сѐ уште загубено, дека сѐ може да се поправи, и дека неговата слабост е само преодна слабост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А тој дошол дома со некоеси детиште, со некој си Џеронимо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како да не плачам, мајкино? Тогаш - душа крпа, а сега душа како стакло. Ми се крши...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„А Џеронимо?“ запраша Ташко. Љупчо замавна со левата рака, небаре сака да избрка тешка мисла.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— А, така де, така. Ќе жениме Толето, ами как! Ете еден невеста повеќе во нашиот чифлиг — му се направи ќефот на Адема оти Трајковица сама го донесе разговорот за кој самиот тој дојде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со бавни чекори тој дојде до ниското камено ѕитче на кејот, крај споменикот, и погледна долу во реката по која играа светлини од сијалиците на мостовите и околните куќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повикаа и по Лествичникот, и тој дојде, притворен во тагата и скрбта своја пред логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Важно е дека тој дојде од другата страна на земјата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не го интересираа сељациве – тој дојде овде да се прероди, повторно да се измисли себеси и на крајот, да пее некои други песни, а не „Каде сте, Македончиња“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Некои ненасито го разгоруваа својот страв со сладок очај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои рекоа дека тој дошол да си касне за душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој дојде во селото, ме повика во дворот, ме погали и ми рече: „Сега веќе, синко, си голем.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Претпоставувајќи ја причината за враќањето, жената рекла: „Ворен, тој дојде дома да умре“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По погледот кој беше упатен кон нејзиниот маж, можеше да се заклучи дека таа е белграѓанка, а тој дојден од некој селски забит.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арсо не сети кога тој дојде до него. - Сакаш ли да си среќен? - му шепна Патрокле.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Глупости, каква слика. Тоа не доаѓа предвид!“, вреска госпоѓата на глас и, барајќи низ списокот, одеднаш целата вознемирена и покажува дека, ете, кај оној чичко ѝ од Власина може да се оди со слика затоа што тој дошол со тенџере за ајвар и тајфа од десет луѓе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Рано изутрината тој се упати кај началникот; но му беше кажано дека спие; тој дојде во десет – пак му беше кажано: спие; тој дојде во единаесет часот – му беше кажано: па началникот не е дома; дојде за време на ручекот – но писарите во претсобјето никако не сакаа да го пуштат и на секој начин сакаа да дознаат каква е таа работа и која потреба го довела и што му се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Марко Проказник му јавија дека жена му е болна, не е далеку од својот крај, и тој дојде до некаква своја новаи неразбирлива татковина и остана зачуден, збунет, можеби и исплашен, од малиот број луѓе во селото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можев, Оче Симеоне, смирено ќе застане јадно мал и недовршен. Не можев, тој дојде пред време.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој дојде до бандерата, виде колку е часот и ми вели: Е, сад ќу да пробудим команданта, да види како се ти понашаш на стражарском месту, и бесно замина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас викнав: Стој! Тој изгледа се исплаши и налутено од далеку ми ја даде паролата и ми вели: Јели другарице, одакле треба да заустављате? Јас му велам: Од свуда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаше моменти, признавам, кога би отишол до С, кај брат ми Борко, само да се сетеше да ме покани. Никогаш не ме покани. И сега, место јас, тој дојде кај мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој дојде за десеттина минути.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
1 Тој дојде на местото на Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација од 1989 година, 2 а додека беше на сила претрпе три измени и дополнувања, во 2000, 2002 и 2004 година. 3 Во 2006 година беше донесен нов Закон за стечај, 4 кој до денес има претрпено две измени и дополнувања, во 2006 и 2007 година, 5 но тие не содржат промени во одредбите што се однесуваат на правата од работен однос.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност е донесен во 1997 година.  1 Тој дојде на местото на Законот за вработување од 1987 година,  2 а од неговото донесување досега има претрпено 10 измени и дополнувања.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
ТРОШЧЕЈКИН: (На Марфа) Тој ли? Та зборувајте: тој дојде?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И тој дошол прво да жние и врши, потоа останал момок; после го зеле во манастирот во Света Гора како обичен слуга на сите калуѓери.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па и бурмут го научија да трпа, та, ене го и тој дошол и седнал кај Петруша, којшто покрај бурмутот и цигарата и „чај“ му нарачал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа ги навали очите и почна да му раскажува како пред три дена тој дошол да ѝ држи епитимија, таа лежела гола во постелата; тој се наведнал да ја покрие со веленцето, а таа се поткренала, го фатила со рацете за вратот и го привлекла кон себе; тој почнал да се трга, да се напиња, да се исправа, но нејзиното тргање било посилно и тој клекнал на колена крај неа, а потоа се наведнал над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствувала скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлекла влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не знае кој пукал во него. Тој дојде кај мене пијан.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во воздухот над градот, околу луѓето што се примолкнуваа се распростираше слаб, одвај забележлив мирис и тој дојде до Носот на градот, разложувајќи се во сеќавањата како млеко, сирење, сладолед, масло. Клик-клак.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од непознати причини тој дојде; од непознати причини и си замина.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој се врати на работа, продолжувајќи како главен баритон во капелскиот хор на Глазговскиот универзитет и, накусо, кога Инглис се пензионира, тој ја доби неговата работа, ја задржа и доби уште едно унапредување пред и самиот да се пензионира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така душкајќи, тој дојде до елката. И таму одеднаш застана.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Вистина ли е тоа или е само злоба од Царјанка? Ако е вистина, тогаш како тој дошол овде и од кај дошол?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Иако неговото истражување беше независно од нашата работа со концептот “друштвеност”, тој дошол до заклучок дека “големите простори треба да бидат кружни, бидејќи сите живееме во кружен свет (хоризонтот е околу нас) и нашите сетила се подобро прилагодени на кружен отколку на правоаголен простор”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа средина беше многу поблиска до неговите интелектуални конструкции и лавиринтски творби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби Борхес по грешка се родил во Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој сакаше да верува - како што има запишано - дека “аргентинската традиција ја претставува целата западна култура, и исто така верувам”, додаде, “дека ние имаме право на таа традиција, поголемо од она што го имаат жителите на оваа или онаа западна нација”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така тој дојде да умре во земјата на својата младост, во таа „тврдина на разум“ во која животот е исто онолку далеку од очите на јавноста како и нејзините недружевни граѓани, и протекува исто онолку мирно како водите на Рона.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашите немало ни да го пуштат в село да влезе ама тој дошол со турски заптии и така тие морале со убаво да го вратат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гозба за вечерата ни беа работите што ги донесе Едо: тој дојде со три низи риби цирони и колку половина торба компири.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Домаќинката на куќата во која Георги живеел под кирија изјавила дека набргу по експлозијата кај „Алхамбра“ видела како тој дошол дома силно возбуден.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)