тој (зам.) - верува (гл.)

Тој верува дека постојат елементи од „Македонските Словени, Арнаути и Срби“ кои ќе соработуваат со мисијата.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој веруваше во принципите на Ангсоц, го обожуваше Големиот Брат, им се радуваше на победите, ги мразеше еретиците, не само искрено, туку и со еден вид неспокоен фанатизам, една исклучителна информираност, на која обичните членови на Партијата не ѝ беа ни близу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој не се преправа, помисли Винстон; тој не е лицемер; тој верува во секој збор што го изговара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко не му ја потхрани оваа теза на Камилски, макар што и тој веруваше дека постојат елементи со коишто и би можела да се брани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски не веруваше, тоа јасно му го кажа на Татко, дека некоја од заемките од гастрономијата конечно ќе има место во нивната листа на (без)опасните османизми!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Презентирајќи 180 примероци селектирани од огромниот опус од 10,000 до 15,000 парчиња, Темкин и Роуз сериозно ја потврдуваат важноста на цртежот во делото на Бојс: Цртежот, тврдат тие, е концептуалниот клуч кој ја отвора вратата кон комплетната уметничка продукција на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како и безбројните негови претходници и Бојс на цртежот гледал како на најдиректна врска помеѓу умот и раката на уметноста, за него ова значело преку цртежот да се овозможи визуелно регистрирање на оние невидливи сили за кои тој верува дека го анимираат самиот живот, сили коишто можат да бидат сфатени само од интуитивниот дел од умот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сè до денес тој верувал дека има значајни подобрувања во неговите навики, во начинот на размислување и ритамот на живеење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој човек, од една страна го презира, според него, анахрониот политички ангажман, но затоа пак тој верува во револуцијата изведена со помош на мас-комуникациите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но во детството тој веруваше во легендите на својата земја: езерските пастрмки имаа црвени дамки на крлушките од крвта на ослепените очи на Самоиловите војници; во некој бунар тропаше срцето на светецот Климент; Крале Марко со една рака дигал биволска запрега за да им го покаже на јаничарите патот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дали Даниел сега чувствуваше дека се прочистил од она за што тој веруваше дека е непростлив и незаборавен грев направен против него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Слушај, Кети. Не е ништо чудно што посакал девојката да умре ако тој верувал, ако неговото срце му зборувало дека таа ја возобновила или ја продолжила врската што ја имала пред да се ожени тој за неа, или пак тој самиот открил дека таква врска постоела и дека таа продолжила да се сретнува со него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Градејќи сопствен критички суд за театарот и театарската уметност, тој верува дека дошло времето во кое ќе може да се направи „експлицитна дистинкција помеѓу она што е потребно како театарска естетика (во институционално милје) и партискиот упад во системот кој би требало да лиферува просечност“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Кутриот Чавка, - си помислив, - тој верува во сопствената измислица дека старичката е негова баба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но не веруваше во прогресот во цивилизацијата, ниту во некаков морален прогрес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој веруваше во прогрес кога се совладуваа границите, наложени од морално поделеното човештво, само хармонизирањето на разликите може да ја оправда човековата егзистенција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„И тој верува во таа глупост, и тој!“ почна да вреска кревајќи го показалецот кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„На погребот ми го рече тоа, пред Катерина. Не почека ни да го запретаат несреќно вљубениот, а почна да лае”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Светот во кој мажите и жените се раѓаат е само нешто површинско, овој или оној општествен, законски или вредносен систем.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Фукоовите класични студии за политиката на јазикот и за контрола на свеста го однесоа дотаму што тој веруваше дека човечката свест - изразена низ говор и слики, самоодредувајќи се и взаемно одредувајќи се... - е автентичен терен што го одредува човековото општествено битие...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој верувам, кога би го опсипале со признанија и благодарници, не би се чувствувал убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кој вели, тој верува. А и не е богзнае што да веруваш во нешто што е очебијно – расте спиралата на кризата, станува катастрофична.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)