Апатија, хероин, злоба, завист, пакост, “усмена трач литература”, перфидно или брутално (бирај) сјебување на било каква иницијатива за подобро, и тоа обично од оние првите до тебе, павловски истренирани да ги вадат своите бедни ножеви на било кој обид да се прекине инерцијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Денес сѐ се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најефтино.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тоа обично се случуваше на пладне, кога сонцето ќе дојдеше токму врз главата на секој Турчин не правејќи сенка, и таа молитва, му објасни Неби-ага, се вика оглен намази.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)