тоа (зам.) - клет (прид.)

Беше тоа клетото време кога се запираше и патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Постоеше и опасноста, во што беше убеден најмногу Татко, некој, во тоа клето време на сталинизмот, да го види каталогот или да дознае за неговото постоење во нашето семејство и да нѐ денунцира како странска, капиталистичка пропаганда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За душата уште се зборуваше во нашето бегалско семејство, а тоа често се случуваше, кога денот ќе осамнеше со абер од другата страна на границата, кој најчесто, ако не и секогаш, во тоа клето време на сталинизмот значеше исчезнување на близок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)