И токму таму и тогаш, поради фрагментарноста на зафатот, поради недовршеноста, недореченоста и свеста за отсуството на целината, поради тоа сознание, бездруго, се повлече раката, запре толку саканиот ракопис.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Тоа не се однесува на вас, вие сте во одлична состојба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но каде постоеше тоа сознание?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Да, како театар. Оние кои би сфатиле дека таа реагира погрешно, од тоа сознание би доживеале нешто како катарза, што би можело да им помогне да излезат од својата состојба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа сознание секогаш ме болеше и го доживував како голема навреда.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа сознание барало непосредна акција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Бавно, но постојано венееше и тоа сознание всели страв во мојата душа, едно претчувство на загуба, која би можела да биде неминовна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)