тоа (зам.) - се (зам.)

Па тоа се слуги на кукавичлукот, издаици, неверници.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
По тоа се тргна настрана, насладувајќи се однапред на она што требаше да се случи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ако му се дозволи контакт со странци, тој ќе открие дека тоа се суштества слични на него и дека повеќето од она што му е кажано за нив е лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нив ги држат грчки гастрономи кои на парижани и на гостите им сервираат грчки ражени, ќофтиња, шиш-ќебап, а сето тоа се приготвува пред очите на минувачите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа се случи на едно друго скришно место што го знаеше Џулија, камбаната на една руинирана црква во еден речиси напуштен дел од градот, каде пред триесет години беше паднала атомска бомба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јанка пак ги одби. И тоа се повторуваше повеќе пати...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За мене таа поговорка не важи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
53. Тогаш ќе се избегне конфликтот помеѓу и Грците и Македонците, зашто последниве не бараат тие што зборуваат грчки да имаат во своите цркви старомакедонски јазик а во училиштата сегашниот македонски јазик, ами тоа се бара само за оние што зборуваат македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не јадев. Мртвите не простуваат, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа се здружените полициски сили од двата града, на кои им здодеало да се тормозат со затвореници што не ги ферма ни судот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Томо на овие зборови реагираше со збунетост. Си помисли, кога ли тоа, Рада ѝ направила проблем на оваа кревка жена, толку далеку од Куманово. И кога тоа се случило.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа се потврдува во сцените од испосничката ќелија, каде се наоѓаат моштите на древниот пустиножител и гускиното перо со кое тој ги запишувал своите мисли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа мисла можеби го преобразува просторот и преку апории ја расветлува потврдата (не позитивна) која им предстои на секоја критика и на секој негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доаѓања и заминувања на блиските и саканите. Особено заминувања. Од тоа се состоеше животот на Х. И малку солзи. Секогаш ги имаше по заминувањата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Зоки и без тоа се плашеше по малку од Драган, зашто Драган беше некаков си извидник, а извидниците знаат да откриваат секакви тајни – а сега се исплаши и од другите деца, па се склупчи и рече: - Не сум јас. Нели нема да ме тепате?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Верувајќи дека еден ден, макар предоцна, но секогаш нужно, ќе дојде до еден вид помирување со позитивните текови на исламската цивилизација од XX век на Балканот, по нивното радикално искоренување, како што тоа се случуваше и во Европа по вековните судири, Татко сметаше дека ориентализмите кои живуркаа и не исчезнуваат од балканските јазици, можат да бидат значајни елементи за поцелосна реконструкција за вредностите на некогашниот соживот, кој сам по себе содржел елементи на соживот, кои биле интегрално збришани во војните на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа се случуваше и обратно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Истото тоа се поддржа од признавањето на суверенитетот на Душана во Македонија и од улогата на нашите големци во неговата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Моето на тоа се заврши, моментална слабост.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но тоа се прави не за да се лишат весниците од слободата да пишуваат, а затоа што на Балканскиот Полуостров им придаваат големо значење на сите статии што се однесуваат за балканските работи и мислат оти владата под влијание на печатот ќе ја измени својата политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сигурно не знаете уште за една НОВИНА што скоро ја дознав: во азбуката постоеле три вокали за буквата О! Тоа се: кратко О, полудолго О и долго О!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Знаете, Грците се многу итар народ! Ама сето тоа се должи на благословот од деда владиката.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И иако знаеше дека сето тоа се бесмислици и дека взаемната љубов на мајка ѝ и на татко ѝ нема никаква врска со болеста и со умирачката, сепак тие три години му беше лута.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во минатата година грозјето, она ситно и темномодро како парченце ноќ и прораснато во овој крај за земјата и за човечките срца, мувлоса необрано меѓу ластарите, а тоа се случи кога умреа праските: лисјето без позната причина поцрвенети, се збрчкаа, потемнеа, потоа искапаа, плодот се исуши несозреан - врз семката остана само пеплосана сува кора без капка сок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, на крајот од ѕидот Зоки веќе нема јагленче во рацете. Тоа се потроши.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од тоа се добива лошо настроение, си мислам, те тера да маваш, да се лутиш и да беснееш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
DE GUSTIVUS NON DISKUTABANT - Значи, тоа се тие нејзини уметнички филмови, - си мислев разочарано, кришум погледнувајќи на часовникот додека траеше проекцијата на филмот што го гледавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но за тоа се потребни реформи! Мислам на суштински реформи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа се забележа и во работата. Дотогаш, иако мала на десет во единаесет години, работеше токму со мајка ѝ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Минатото, иднината, тоа се безвредни измислици; израз на наклонетоста на човекот кон броење, кон раслојувања, кон расчленување на целината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да, драга Ема, во Равена мојот Јирачек, моето сонце, веќе ме чека, јас знам дека ме чека Јирачек и ги мерка тие стари, истрошени европејци, тоа се истите оние од Вацлавске Намјести, кои како река доаѓаат од секаде за да си го дотрошат животот, желни да брцнат со прст или со нос во нешто младо, убаво; пари даваат за тоа, душа даваат за тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А кога таа повремено ќе направеше обид да се помрдне кон едниот ѕид на куќата или плевната за да шмугне крај него, и тоа се помрднуваше на таа страна за да ја спречи да му избега и за полесно да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа се гледа од титулите што ги носеа македонските големци и од нивното влијание во империските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таквите полека почнувате и да ги одбегнувате, не сакате да соработувате со нив, зашто знаете, како што тоа се вели, дека можат да ве остават „на цедило“ или да ве наведат „на тенок лед“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој не се прослави, влезе во клинчот на внатрешните односи, односно фати страна во борбите за наследство на Бургиба и подоцна тоа се покажа фатално за неговата кариера.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако се знам, а еве преку шеесет ги имам, само тоа се збори и до ден денешен никому ништо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Еден чиновник од отсекот со свои очи го видел мртовецот и веднаш препознал дека тоа е Акакиј Акакиевич; меѓутоа тоа му влеало толкав страв, што тој почнал да трча со сета сила и не можел добро да го извиди, туку видел само како овој оддалеку му се заканил со прст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во Новоговорот, тоа се нарекува „ двомисла“, иако „ двомисла“ содржи и многу други значења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истрелите што ги слушаш сега, тоа се истрели на радост. Победниците стрелаат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Последните два дена само за тоа се зборуваше: мене мајка ми ми купи ново фустанче, мене мајка ми ми шие, мене мајка ми ми плете, мајка ми, мајка ми...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа се случуваше вчера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наместо тоа се респектираат идеалите за етичка и интелектуална автономија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според тоа традицијата треба да се надмине.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нивните амбари се полни со ланско и поланско брашно. Кога го тураат — со кросно го набиваат, а кога го вадат — со мотиче го копаат. Тоа се вели домаќинлак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо Спасе има и едно малечко палаво внуче. Тоа се вика Васко и многу ги сака дедовите приказни.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Автодидактите особено во доменот на јазиците лесно стануваат утописти, а понекогаш и идеалисти. Тоа се случуваше со Татко и Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Речиси сѐ што направиле - офарбале ко кремпита една стара градска куќа. И со тоа се фалат!?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оние луѓе гледаа да го искористат кусото време на одморите за да ја заситат малку својата глад, а тој - за да поработи, и тоа се повторуваше секој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Први на тоа се досетија војводите, а најпрв Најдо Акиноски, се здоговориле меѓу себе и тргнаа од глава до глава на домаќинствата да ги наговараат да се согласат да стапат во колектив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа се двете политизирани полутопки, вели Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кон тоа се приклучи и Саво: - Благодарам Јана за прекрасното изненадување и дружење. Довидување, среќен пат!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со тоа име ќе се наречеше некој од Словените ако требаше да се различи себеси од некој Романец или Германец, и тоа не секаде само тоа се употребуваше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Деновите се склопчувале, згуснатите снегулки понекогаш го смекнувале студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога Митра ја прашаше: „шо ќе ткаеш, невесто Досто, со виа предотини“, таа неодредено одговараше: „Ќе видиме, сестрице Митро“, и на тоа се свршуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Веројатно, бурата и магнетните сили, кои при тоа се создаваат, се во „врска”- со генералната наредба која струи до сите јагули како повик за да го започнат големиот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но имајќи го предвид начинот на живот во Њујорк, со личноста која непрекинато стои на некој агол сигурно нешто не е во ред. Тоа се нарекува кататонија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еднаш тоа се согласи и јас го поведов по темната улица до отворениот прозорец на оној што го демнев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето стануваа чудни, се нишаа, се топеа пред моиве очи и веќе беа базја меѓу тркала и рогови од кои змиесто се извиваа секакви корења и се испретплеткуваа околу сенките да им ја пијат темната крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Трајчеица како одвај да го чекаше тој момент и тој негов поглед, влета во неговото молчење со својата приказна иако јас пред тоа се обидов да го скршнам разговорот на друга страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа се случи на првиот час. Учителот Мирчевски ги распореди своите ученици: помалите напред, поголемите назад.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во тоа се уверив кога осумдесетина километри пат, од Амстердам до Хаг, со кола ги минавме за три часа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Според држењето би се рекло човекот се штукна од умот, ама според оваа блажена насмевка што одвреме-навреме му се појавува на лицето, јас велам дека е подобро што тоа се случи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во својата Историја го беше потцртал мислењето дека револуциите не се пресадуваат, а доколку тоа се стори е неизбежен незапирливиот процес на жртвувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа се состои нашата среќа и среќата на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Григор Бакалот ми рече дека тоа се лекува и со коњски измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прашањата од нивото на свесност ја помагаат артикулацијата и извршувањето на овие алтернативни предиспозиции, желби, лични квалитети, односи со другите, внатрешни состојби и верувања, и тоа кулминира во „ре-визија“ на личното животно определување. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Велат дека смртта не е несреќа“, - бргу рецитира Глигор, и додава: - „Ако тоа се однесува до мене тоа е сосем на место.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Магазините, особено големите стоковни куќи прават специјални продажни простории за карневалски реквизити и тоа се рекламира.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Листенце, мое пожолтено листенце!“ - извика Надица, како да го повикува да се врати, но тоа се загуби во сивата магла од којашто ситно, ситно подврануваше...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сѐ на сѐ овој проблем и не заслужува посебно внимание”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не се работи за жена присторена како маж, тоа е вистински маж, и во тоа се состоеше моето откритие, иако за тоа во тоа време не бев свесен.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ми даде една кутија „карелија“ и ме испрати неколку метри со зборовите –Бесвина се испусти, нишчо не остана од селото... до скоро некој камен од црквата имаше останато, ама и тоа се витоса...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас го бацувам, а тоа се брише.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Заборави“, му реков. „Имаш деца.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тоа се случило вака: кога во 1914 година Србите заедно со другите и нив ги мобилизираа, ги отерале првин во Крагуевац, таму кај што ги стрелаа близнаците Акиноски, Цветан и Јордан, а потоа ги отерале во Војводина, на фронтот со Австријанците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Македонците станаа сојузници на Србите и со тоа се ослободија од Византијците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лазор, чувствува, сиот се смалува: тогаш кога бегаше од заптиите ни не се сети дека тие можат да пукаат, но откако стигна назад во Потковицата, со некое скришно делче на умот, постојано на тоа се пристеува дека ако пукаа заптиите засигурно плеќите ќе му ги наполнеа со куршуми.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа промена Duchamp вака ја искоментирал: “Во врска со тие мустаќи и со таа брадичка интересно е што кога ги гледате Мона Лиза станува машко.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мислам и тоа се пресега со студените рачиња кон топлината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Миракула Божја го поштеди Филозофот, и тој слезе меѓу нас, на земјата што бевме, и рече: „Сѐ е умножено верно и добро е умножението“. И тоа се случи патем.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од тоа се поткреваше и земјата, ко слабина од стелна крава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како сето тоа се случило кога Франција која стотина години беше поврзана со Тунис одлучуваше за судбината на оваа земја, немаше решение пред Југославија за признавањето на оваа земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И по долг пат би можел да кажам дека глаголот во песната е проколнато нешто, тоа се брутовите кои го држат распнато телото на песната врз крстот на времето.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Е, тоа се нарекува казна која следува после користењето на нешто што не го заслужуваме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Средновековната стравопочит кон авторитетот на Аристотел, Евангелијата или Црквата не само што не е прифатена од страна на модернистите, туку таа е активно побивана.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
108. Дека и оваа мисла на Мисирков е точна покажува целиот понатамошен развиток и посебно нашата денешна слобода врз точно истите основни принципи, но дека тоа се согледувало и во тоа време, најдобро сведочи пак загрижениот за бугарштината во Македонија Е.Спространов, кој, меѓутоа, не можел да се ослободи и од македонското во себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лицето кое го прибавило предметот или правото за кое тече парницата може да стапи во парницата наместо тужителот, односно тужениот, само ако со тоа се согласат двете странки (чл. 185, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А тоа се две години редовен секс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакаше да сврти зад соседната улица; но сѐ што беше во него, од ветровиот вез во маслинките до последниот кикот на машинките, се распрсна во силен прскот, во тапо кршење, ѕвечење, крик, и сето тоа се слеа во татнеж и како лавина тргна во недогледна бездна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Хм, си велам, ќе ти покажев јас тебе да не бев умрен и при тоа ми станува смешно од помислата на сите оние движења што за тоа се потребни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Па сепак, раздвиженоста кај влезот а потоа и по ходниците, расфрланите хартии по скалите, растрчаноста на службениците, операцијата на расчистување што беше повеќе од очигледна, укажуваа дека некоја бура од цимолења и плач поминала помеѓу ѕидиштата и на ова здание и дека тоа се случило токму пред моето пристигање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По неколку дена, патот нѐ одведе во трет град, а со тоа се наближи денот за враќање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Тоа, тоа! – како никогаш пред тоа се израдуваа Ескимите откако Дедо Мраз голотијата и новиот тен им го обнови во топла, шарена облека. – Само тоа и ништо друго!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но тоа се случува подоцна. Кога овие, поранешниве несреќници ќе ја загубат силата во трчањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Импозантно и величествено, тоа се оцртува како сино око во кое се гледа одразот на преселните птици.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пали, пали! Како оган е лута. - Пали, синко, пали, ама со тоа се фали! - се насмеа мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Крстот на времето Зашто од невидливото ги цртав своите сознанија сиот мој порив беше да се пресоздадам во збор.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од таквиот светоглед, изградуван врз алхемиските учења, но и на склоноста кон Пироновото учење на грчките скептичари, како што тоа се обидуваат да го објаснат многубројните студии за уметноста на Марсел Дишан (Marcel Duchamp, 1887-1968), настана еден уметнички опус, на чие што објективизирање му претходеше едно творечко аура апрехенсио.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А токму со ова многу обично и безлично, се случуваше вчера, всушност јас го означувам како изминат (и тоа засекогаш) првиот ден од смртта на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Така, од нешто ми беше срам... Ете, тоа се случи еден ден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Е, е, е, ете тоа се вели „роди ме мајко со к'смет — врли ме на патот".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
111. Со тоа се сврши шумот во Србија и Србите фатија да работат тихо и упорно: пропагандата помина од патриотското друштво во рацете на Министерството за надворешни работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете тоа се случи со нив. Ги стрелаа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој се поздрави и загази во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговата господарка две години го чувала затворен дома.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Јас се викам Грдан, а вие? - Тоа се гледа, а јас Грозда.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тоа се прпелка под мене...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоев во двоумење и мислев дека од моите очи розга крв што почнува да ги копа на моето лице првите бразди на староста. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тоа се случи и нашата бедна приказна неочекувано доби фантастичен крај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа се повторуваше при секое повторно излегување во градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чичко Томе тоа го правеше усно и со тоа се задоволуваше - штом ќе се изнавикаше, одеднаш ќе клапнеше и ќе задремеше седејќи, совладан од черешновицата на Верга.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, тоа се само првите ластовички.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во пишувањето тоа се одвивало со помош на таканаречени „детерминативни“ слики кои се ставале зад напишаното, и му давале смисла, а самите не се изговарале. (Ibid.,стр. 18): „Кога египетскиот збор кен треба да значи „јако“, зад неговиот алфабетски напишан глас стои слика на исправен маж; кога истиот тој збор треба да изразува „слабо“, зад буквите кои го прикажуваат гласот следи слика на стуткан, омлитавен човек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа се прави преку изведување на значење во нивото на свесност на тој начин што: ... верувањата и желбите на луѓето стануваат доволно кохерентни и добро организирани за да заслужат да бидат наречени животни определувања или „начини на живот“, и на таквата кохеренција се гледа како на „диспозиции“ кои ја карактеризираат индивидуата. (Bruner, 1990, стр. 39)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Дали со тоа се чувствуваш поздрава?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа се гледа особено јасно од можните последици на востанието, кои, за наша и турска среќа, не последуваа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А со тоа се лекуваат сите болести. –зборуваше тивко прабаба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го знаете она доба, кога место зимата, во нашите соби, и тоа без посебно најавување, влегува пролетта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Постојат два вида интелектуалци. Тоа се научници и уметници.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сето тоа се случуваше во неделата, а веќе во понеделникот - по ручекот, откако телефонот панично ѕвонеше, а мајка ми (по кусиот разговор со тетка Јорданка) ни ја фрли слушалката сета избезумена, и замина со татко и чичко Благоја - соседот, татко ѝ на Величе, во Влае, оставајќи нѐ на чување кај тетка Ленче - мојот живот продолжи да трае без дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Жилберт&Џорџ: О да, секако. Тоа се менува малку по малку.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа се случи од другата страна на Кајмакчалан. Во сончево утро.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа се исплатува, велеше; тоа е камуфлажа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Тоа се вика тетовирање, - ми објасни дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се згрчи позеленет и зграпчи поголем камен на кој пред тоа се потпираше со едниот опинок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А тоа се случи она време околу деветстотата година кога Профим одеше по трговина во Албанија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зборувајќи за моментот на современото млеко: на собна температура тоа се менува, се скиселува итн., а потоа ново шише итн., освен ако не се одвои од својата промена со претворање во прав или со ладење (што е начин за успорување на неговата живост).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За една недела работа, тоа се 700 динари. Ќе можиме да си купиме нешто мноогу убо, Тинче! Ние шо си сакаме!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кај нас тоа се извршува постепено и незабележено, кај нив брзо и со извесна тенденција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа се стори шо се стори, токо давај ум шо да правиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со тоа се отвора можност кон системот на писмо да се примени низа од оперативни поими, кои се разработени во други семиотички дисциплини, и пред сѐ, во науката за јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако некоја од странките отуѓи предмет или право за кое тече парница, тоа не пречи да се доврши парницата меѓу истите странки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По некој таинствен пат, гледаш, сето тоа се пренесува и на брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За жал, никогаш ништо не паѓаше, или тоа се случуваше навредливо ретко.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Јас се родив двапати. Тоа се случи вака.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Некои велеа дека тоа се должи и на чудотворното дејство на водите на Езерото до кое не допираат злата и грубостите од далечното копно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Деновиве младите автори се бават со многу различни работи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наеднаш тоа се најдува во прегработ на нежните бели раце. Маман, маман!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Тирамис?” - во тоа се беа вљубиле пред десетина години во пријатниот геј ресторан во Ки Вест; се правеа како тоа да е наслов на некоја арија на Пучини; на подоцнежните патувања, дури и во Италија, наидуваа само на послаби верзии.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Вчера извадив од банката петстотини долари. Размислував за тоа. И кога тоа се случи, знаеш... Кора...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа се случи многу подоцна, сине, толку премрежија ни беа поминале преку глава.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа се умни очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа се случи во деновите кога зимата почнавме да ја бркаме од собите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, тоа се најжешките шамари на животот, крвава иронија на судбината!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
РИСТАКИ:: Будалаштиње женски! Многу умеете вие да прецените што е убаво. (убедливо) Ништо не е оти ќе е повозрасен од неа. Ќесето да му тропа, тоа се бара!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со тоа се уверил Силјан оти ќе си одел дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И како прва буква аз, дадена од Бога на словенското племе за да се отворат устите на децата при учењето на разумот преку буквите, тоа се произнесува со широко отворање на устата, а другите букви се произнесуваат со послабо отворање на устата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Во истиот пожар, во истиот потрес трепери генеалогијата растурена низ сите структури и сите подлоги за коишто зборував: Западот и историјата на филозофијата, она што ја врзува со неколку непомирливи (што и да речете) монотеистички струи, од една страна, со природните јазици и националните чувства, со идејата за демократија и со онаа технолошко-политичката, од друга страна, со бескрајното напредување на идеите на меѓународното право, најпосле, чиишто граници се укажуваат појасно од било кога - и тоа не само поради тоа што оние кои го претставуваат и го подржуваат тоа напредување секогаш ги застапуваат интересите на одредени хегемонии и затоа единствено можат непримерено во бескрај да му се доближуваат, туку и затоа што тоа се темели (а тоа и го ограничува) врз сознанијата на европскиот филозофски модернитет (нација, држава, демократија, односи меѓу парламентарните демократии на разни држави итн.) - да не го споменувам она што одвнатре ги поврзува науката, технологијата и војската со тие сомнителни содржини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Згора на сѐ, тоа се случуваше пред нашите зачудени очи, речиси секој ден.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Есента таа година од Берлин пристигна сестра ми Марие, неколку дена откако ќерка ѝ Марта се имаше фрлено од еден мост во Шпре, во која неколку години пред тоа се беше удавил и син ѝ Теодор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тато купи кола со боја на портокал. И сите рекоа дека тоа се случило случајно.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа се гледа и од големата приврзаност на Македонците кон царскиот трон.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Инфиделитетот, неверувањето е нашиот непријател, не станувајте опсесивни, фригидни, нека не ве обзема негативна инфлуенција од некој лош настан.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се разбира, можам да поверувам дека се препознавам, поистоветувам со својот потпис или со својата реченица, но единствено потпирајќи се на искуството и на вежбата кон кои сум обврзан, трудејќи се да бидам како другиот, со оглед на тоа дека можноста за повторување, па според тоа и ими­ти­рање, привидност, е запишана во самото извориште на таа единственост. 4Вашиот повик е двостран: сакате да ја промените праксата на читањето и да создадете некој вид заедништво меѓу своите читатели. 4Баш и не го сакам зборот “заедништво”, дури не знам ни дали сето тоа ми се допаѓа. 4Зборот го употребивте вие. 4Доколку под заедништво подразбираме, а тоа често е случај, складна целина, темелен договор и сложување во врска со појавите на несложност или војна, тогаш не верувам премногу во него и наѕирам во него колку закани, толку и ветувања. 4Мислам на она што Роџер Шартие го рече во врска со читањето, велејќи дека смислата на читањето е поврзана со начинот (праксата) на читањето, начинот на дружење со текстот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На вишакот жени може да има само едно решење, а тоа се вика полиандрија или една жена да има 2 мушкараца.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Во моментот кога тоа се случува“, беше рекла таа, „ти навистина мислиш така“. Тој мислеше така.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Запад тоа се развиваше и како регуларна државна институција, како шпионажа, агентура, разузнавање и што не уште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А погледот вели: „Ќе му подместам“. Тоа е штедење во изразувањето. 136 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бескорисни се тие кои не повредуваат, сите имаме соништа кои мораме да ги исполниме, да ја видат светлината на денот, да заспиваат мирно под месечината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа се типови луѓе кои најчесто се вработени во институциите кај овие првиве, а нивната главна особина е длабоко да пенетрираат кај нивните претпоставени задници со што ќе успеат да се одржат на позицијата во која се дочепале и притоа да не дозволат на конкуренцијата да им го заземе нивното место, а најчесто служејќи се со своите вешти кодошко-лакташки особини секогаш ставајќи му сопка на соперникот и увек гласајќи за партијата која ги убутала на тоа работно место.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Изгледа тоа се случуваше набрзо по оние денови кога пропаднаа сите обиди на Ролан Јаковлевич и Василиј Јенков да ја добијат проклетата „бумашка“ која ќе им помогнеше да станат инструктори во војската на Кралството на Србите Хрватите и Словенците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа се случи во голема мера во текот на последната фаза на капитализмот, приближно помеѓу 1920 и 1940 година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас ќе работам, ќе те почитувам, ќе те хранам и издржувам според обичајот на еврејските мажи коишто вредно работат, ги почитуваат, хранат и ги издржуваат своите сопруги.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Сине, тоа се само сенките од фикусот – ме успокојуваше таа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во сестринската соба возбудено се обидував да им раскажам дека лековите не ги голта, тој, а тие се смееја и тогаш дознав дека тоа се витаминчиња, а дека секој 21 ден добиваат по една депо-инјекција и дека се раат до следната, а овие другиве, ситни разнобојни таблетки се само мамец и дека можат и без нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа се трупа полека по хумусот на мојата снага по мислата по сетилата по плодот на земјината кора.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сопругот ѝ беше одамна мртов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Наместо тоа, тие ја изразуваа нашата колективна состојба на политичка угнетеност и отпор, нашата колективна виктимизираност од една епидемија и од општество што самозадоволно си гледало како тоа се случува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не можеше да верува дека пред тоа се борел со црната треска.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа се случуваше приближно еднаш месечно и претставуваше народен спектакл.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А Претседателон само на тоа се надеваше. Имал храна само за десет дена, другите дваесет - каде...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа се случило петнаесет години пред патот за Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кај случајов со Никола Поцо тоа се усложнува со неговите манипулации во позадината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако го извлечеме најдоброто од лошите работи ќе се инфилтрира причината, ќе сфатиме подобро зошто тоа се случило.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тајната не беше во преместувањето на компјутерот или работната столица, тајната немаше да биде ниту во промената на работното биро, доколку тоа се случеше, а немаше да биде ниту во промената на работната просторија, па дури ни во комплетната промена на работното место.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ВЕРА: Здраво. Што тоа се случува во куќава?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Горењето е постоење. Во пламенот на свеќата има многу бои, тоа се боите на животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во мигот повторно се пренесов на еден од последните разговори што го имав со францускиот амбасадор во Тунис, Ерик Руло, еден од големите познавачи на палестинското прашање, поранешен новинар на Монд и Монд дипломатик, близок пријател на тогашниот француски претседател Франсоа Митеран, именуван од него лично на високиот дипломатски пост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неверојатно, рече кога разбра дека нивните кокошки пред тоа се клукале и ги скарале.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Па, си реков, не вреди да бидам упорна, тој секако ќе ме игнорира. И тоа се потврди.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И тоа се случи токму во пролетта 1993 година, во чудесниот провансалски Арл, во кој се чувствуваше опојната миризба на расцутените лаванди, на рузмаринот, на маслинките, низ нивните сенки, со боите на божилакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зад сето тоа се криеше големата сложеност на едноставноста, сиот тој ред на привидното спокојство да стане разбуричканост на споулавеноста - цветови сме што можат да пуштат отровни трња пред кои месото на животот не се повлекува туку им се нуди, им се остава да го параат, и јас веќе не знаев зошто го продолжуваме патот, иако Онисифор Проказник им рекол на неколцина дека ќе изгинеме и како мртви ќе ја победиме смртта зашто друг по нас ќе се бори: на бедниот со срце, господи, помогни му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа се паѓаше во еден од следните денови, веднаш по оној ден, кога видоа првпат дека и во нивниот ходник влегло сонцето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој имаше спортски мотор и се тркаше на спортски трки, на ридско-брзински натпревари, како што тоа се викаше тогаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа го донесоа и Јехуда Давидовиќ. Бенвениста Давидовиќ не можеше да го поднесе ова.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Се разбира, можеби постојат исклучоци” додадов „но тоа се мали недоразбирања и хулигански пројави на неодмерени поединци, а тие поединци барем засега и не би требало да се сместуваат во оваа фела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Гледаш ли каков било доказ дека тоа се случува ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Париз постои огромен прилив на нови жители, градот расте, но тоа се прави со една рамномерност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само опашката мрда помирливо и по тоа се познава дека гордиот Фигаро бара милост.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МИТРЕ: Еми тоа се знае, гајлињата за луѓето ги оставил господ, не ги оставил за ајваните.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Секогаш бегај од слаткоречиви. Од устата нивна тече мед и млеко, а зад тоа се кријат змии отровници.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Влегува Неда. Таа се обѕрнува околу себе, наслушува, потоа оди кон кујната, проверува низ пукнатината од вратата што прави Фезлиев и дури по сето тоа се упатува кон вратата од собата каде што е Иван.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со ова не тврдам дека во ваков град е прикладно луѓето да прават такви нешта по јавните места, туку само сакам да укажам дека на многумина луѓе би им било полесно ако дозволиме малку повеќе искуствена анархија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Браво: Тоа се бара. Ќе се собереме, да бидеме што помалецки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ми дадоа аванс, за преводите, тоа се неколку мои плати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ема, разбираш ли, газ би дале за пичка.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа се будеше како отворена утроба со своите илјадници живи организми, последни живи фосили, кои како да ги поздравуваа своите спасители…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби ќе речете дека постои еден начин на неповрзување што си личи; некогаш тоа се нарекуваше „стил“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На овој начин, со ваквото формулирање се отвора сериозен простор за превработеност во јавниот сектор и за злоупотреба на институциите, преку вработување на кадри чија компетитивност и стручност е спорна, а наместо тоа се отвора можност за вработување на кадри согласно нивната политичка подобност, што е спротивно на овој Закон каде се јасно пропишани начелата на стручност, компетитивност, професионална етика, непристрасност и објективност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Добар е и вака да се јаде, со џимиринки, со сирење, или со кисело млеко, но многу е посладок ако пред тоа се потпече, во тепсија, заедно со џимиринките, или со сирењето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И се чудев зашто никој не го побара лековитото грутче во говедската жолчка, таа тајна кон која пред тоа се стремеше очајот на еден болник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е, тоа се вика вистинска банда, - се помислив воодушевено, погледнувајќи, не без презир, во моите момчиња кои одеднаш ми се видоа многу нежни, неприлично облечени во фармерки и патики, убаво исчешлани и премногу чисти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во јазикот на алхемијата, удиралката за пченица („небеското“ - бидејќи алхемијата е „небеско земјоделство“), Вознесението на Богородица, соблекувањето на невестата - сето тоа се метафори кои имаат исто значење: чистење - уситнување на нештата и нивно претворање во сребро и злато, или подобро во „камен на мудреците“ кој се споредувал со кристалот. 196 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)