тоа (зам.) - чека (гл.)

Дико тоа чекаше. Се правеше неизмолив и упорно повторуваше дека Бошко ќе треба да си плати за грешката додека најпосле не рече оти тој сака да му помогне, ама еве не може.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На кинисување Нешка се засрами да си ја земе китката, ама Тода, како мајстор од занаетот, ѝ намигна со око и ѝ ја покажа, а таа тоа чекаше, ја грабна и ја завитка во ракавот, велејќи и фалејќи ѝ се на Тода со главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе му текне на Булимана, Амеда, Арслана, а сакам главата на Андона вечер на тарун, и неговите аламани тоа чекаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас истрпнав. Сетија дека ја сменив ликијата. Посивев. Тие тоа чекаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)