тоа (зам.) - мора (гл.)

Ако воопшто постои поетско исцелителство, тоа мора да се бара првенствено во вокалите, во тие најпречекливи, најпросторни и најкомфорни гласови во кои најдолго може да се биде, но и најдолго да не се бива,.. во кои зборот најдолго може да престојува, но и низ кои мора да мине кога да заминува во молкот. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да поверува? Не, не, тоа мора да е лага, мора некој да му ја залепил оваа клевета.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислеше дека тоа морало да биде некаде во шеесеттите години, но не беше сосем сигурен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Без да стигне до крајот на книгата, тој знаеше дека тоа мора да е завршната порака на Голдштајн.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога конечно ќе ни се предадеш, тоа мора да биде по твоја слободна волја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа мора да било еден месец пред да исчезне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако сакате да ручате, тоа мора да го сторите од 12 до 15 часот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Битието. Тоа мора да се спаси. Душата да се спаси... Присно! Присно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Колку и да се маскирал со брадата, она се неговите сини очи. - Да, да! Тоа мора да е тој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако не е тоа што ви го реков, тоа мора да е некаква реинкарнација.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпосле, Тоа мора да зборува, затоа му треба барем неговата вилица и вокалниот тракт, Тоа мора и да слуша, затоа му треба неговиот перцептивен кортекс и ушната школка, му треба и неговото внимание, затоа најверојатно ќе преземе и дел од неговата мозочна кора.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Устата ми е вкочанета, јазикот сосема мртов, а јас упорно се обидувам да ги забодам забите во долната усна, како да е тоа нешто што морам да го правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Моето трето око е осветлено и се чувствувам убаво, бескрајно среќен, како да сум на Екстази, се чувствувам толку среќен што тоа морам да го поделам со вас, сакам да ви кажам сѐ, сакам да знаете сѐ за мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа мора да е некоја моја непристојност во вид на привидение.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка ѝ знаеше колку тешко ќе ѝ падне разделбата со врапчето, но, еднаш тоа мораше да се случи.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа мораше да се случи: еден мал и неочекуван преврат, неколку атакувања на нивните бели куќи оградена со индуски цедруси и со коски на покорените, неколку барикади и - еве го оној ден. Мој. Наш. На човекот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Всушност, тоа мораше да се прочита по весниците, ме прогонуваа, бараа трага на моја вина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа мораше да биде некакво големо обезбедување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му благодарам, сепак, за финиот помин. И тоа мораше да заврши.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А сепак, Симон морал да знае дека брат му му ја дал онаа плата за чувар на трансформаторот. Тоа морало да го мачи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш, кога ги отворил запците, човекот морал, полека со двете раце, да ѝ ја дофати ногата на мечката, исто онака, како кога се потковува коњ, и така неа ја подигнал од меѓу железата; тој тоа морал неминовно да го стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се ловеа тие целиот тој ден, никој од нив не можеше да рече дека не му се дадоа сите шанси, такви имаше и едниот и другиот од нив, а сепак, сето тоа мораше да заврши вака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа мораше да се случи уште првиот ден, кога оној се појави во нивниот кварт.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето тоа, собрано во едно тешко бреме, мораше сега да се носи на својот грб таму, напред, кон дома, со тоа мораше да се тоне во длабокиот студен снег, тоа мораше да биде извлекувано од под онаа тврда кора, што удираше во цеваниците при секое пречекорување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ние да преживееме, после сѐ нека си ја ебе мајката. Е па сега за тоа мора и по некој седатив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мислите, ајде сега сите ќе ги сакаме уметноста и театарот. Тоа мора да се заслужи!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: На тоа мора да се стави крај. СОЊА: Кој ќе го стави крајот? Ти? БОРИС: Јас! Јас почнав, јас ќе завршам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да му довикнам дека сочувствувам со неговата спремност ако затреба да скокне и низ обрачот со оган, но за да го стори тоа мораше да ја игнорира ироничната насмевка на Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Проклет да бидам, имало господ, во тоа темничиште и по тие скапани скали да се помине само со неколку полесни случаи - чело, нос, око, шината нога, о, тоа морало некој добар ангел тука по цела ноќ да бдеел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Умира човек и директива дава, а жена како жена: што ќе рече мажот, тоа мора да биде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А што беше страшното? Затоа што токму поради тоа мораше да престане ова долго – најдолго и возбудливо – највозбудливо патување.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Вистинските уметници се ретки. Поради тоа мораат да бидат претставувани и поддржувани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Вистина, место на крокодилот можев да налетам на некоја голема змија што може да голтне бивол, или можеше од зад некое дрво да ме пречека горило, но им ветив на црнците да ги ослободам од крокодилот и јас тоа морав да го сторам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој час можеби сакав да избегам или да нацртам пред себе голем ѕид, но не го сторив ни едното ни другото туку најљубезно реков: - Еј, кроко, ситно око, ти носам ужина - “најубаво јадење за крокодилите“.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Тоа не е од нашево село, велам, тоа мора да е некој будала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа мора да е некаде внатре, вели, некаде длабоко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)