Но еден здив беше во тие раце, една придушена детска смеа, една недовршена игра, пресечена од тежок камион.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Верувам само во тие раце и таа топла прегратка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сигурно го побараа она, што го бараа сите, но тој сега мораше да се обѕрне кон неговото лице, мораше да го одличи, бидејќи тие раце на неговиот тезгав беа нешто ново.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе свенат ластарите. Ќе се исушат тие раце што ме негувале, што ме раснеле и на овој рид голотијава и ветерот ќе ме дојадат.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
СОЊА: Со тие раце ти направи и нешто друго. БОРИС: Тоа го платив и преплатив. Ти двапати годишно проверуваше дали сум жив и ми честиташе на упорноста.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Еднаш дури и ме поткрена со тие раце и ми вели: - Ајде, расти, не стои на една мера, на една пересија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со тие раце веќе не можеше да се ткае филигранството на човечката анатомија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ги запозна толку добро, сите тие раце, што веќе не мораше да се обѕрнува по лицата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)