Јас кај себе имам една штичка, кора од дрво кедрово, на која има запис со тие букви дамнешни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така човек се мрда по темнините и форфоресцира на мрачното дно на стварноста, осветлувајќи ја својата темна патека со сјајот на тие букви.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Заменете ги тие букви, на пример, со вашите имиња, во сите расположиви комбинации, од кои не би била исклучена можноста името од местото на буквата З да биде на местото од името на буквата А, и така натаму, до бескрај.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Ваше височество; тие букви од јужна Кападокија се родум, од каде потекнува по утробата мајчина и пречесен отец Стефан.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дваесет и две години Бојана ги гледаше тие букви што не ги разбираше, но, гледајќи ги, чувствуваше дека ги напишала рака толку скапа за неа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)