тие (зам.) - остане (гл.)

Таа воочлива декорираност на иерархот, Германците се правеа дека не ја забележуваат, меѓутоа чувствувајќи ја свеченоста на мигот што со тоа митрополитот им ја сугерираше и тие останаа да стојат пред посетителите.  „Да Ваша еминенцијо, таа листа ни е неопходна”, ја подаде раката СС командирот Беренц.  „Добро, но најнапред ќе ви го покажам писмото што го напишав до една значајна личност”, рече владиката и од под расото извади лист хартија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие останаа суви како барут, ама запалени од лутина и бес, ѓоа крмаз и црвен пипер ги поросиле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Веселбата на погребот се зголемуваше, ако при копањето на гробот за да се стави мртовецот, се најдеа шишиња со вино закопани некогаш заедно со мртовецот, на кого коските му изгниле, а тие останале.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Времето протркала многу слични постапки и во помнењето на Фимка тие останаа не само како засушена лузна, ами и како неизлечив лишај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Трансформацијата на љубовната афера со Летка авторот веќе ја имаше преболено или ја преболуваше, но за чудо, што обично не се случува, тие останаа добри пријатели на кои разговорите им беа забавни, средбите многу поретки но не прекинати и секогаш проткаени со хумор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)