тие (зам.) - двајца (бр.)

На улицата пред куќите на тие двајцата забележувам еден од овие лизурковците што пред малку се пикна под масата на која седевме и се стопори мене да ми ги лижи стапалата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И тие двајцата, независно еден од друг, се уверија дека од крувчето ништо нема да биде, калемот не се фатил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И сите мислеа дека логотетот и Лествичникот гласале за Филозофот, дека душата своја само тие двајцата му ја дале, милоста благоутробна своја; сите мислеа така, оти предлогот го даде Лествичникот со уста своја и грев беше, хула бесчесна беше дури и да се помисли дека тој не гласал „за“, или дека логотетот не гласал „за“; но само јас знаев дека Лествичникот е погано и лажливо куче, со око побелено, оти знам дека и јас гласав за Филозофот, а мојот глас, третиот, го немаше; а го немаше затоа што Лествичникот беден беше гласал против Филозофот, еднакво како и другите, и најлицемерен од сите нив излезе, оти устата негова предлог даде што го отфрли душата негова, и оти вистина беше дека само јас и логотетот бевме вистинските пријатели на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само тие двајца можеле да знаат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да се нарече и со што може да се измери чинот на тие двајца мажи?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие двајцата запалија „марлборо“ од кутијата што човекот со костумот и со лузната ја извади од внатрешниот џеб на сакото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„По колку давате?“ го праша братучедот. „Стандардно, по десет посто секој месец“, рече овој, отпивајќи од чашата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Наредени околу тие двајца, пак молчаливи и без чувство за повремените удари на ветрот, другите чекале едниот или друтиот Онисифор да крене рака, да замавне, да удри или да убие, да се види кој е под заштита господова. Не дочекале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и тие двајца чекале дружината да се определи за јама или за клада и секако да се определи за свој челник, за оној што ќе победи во недоразбирањето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело да се поверува дека само омразата ги зближува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги гледале како се борат за здив и им ја мереле омразата, не по движењето на нивните усни, повеќе по задгробниот мирис што се испарувал од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеше дека и тие двајца напред го носат својот крај од носилката нарамо, мислеше дека би можел да им ги види само нивните капи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Башка што тие двајца многу често не сакаа ни да слушаат, не сакаа ни да знаат за ништо вон од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш зина да им рече дека би можеле да останат и тие двајца со него, уште некој ден и неколку ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И наеднаш се почувствува како тие двајца луѓе, тие две исплашени копилиња, да му искрале сѐ убаво што имаше во таа утрина и во таа собичка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тие двајца во неа беа останати сами за да си свршат меѓу себе некоја своја работа во четири очи, како купувач и продавач, како купувач и џамбас, а тоа, наеднаш, беше всушност толку просто, така што дури и тој сега ја сфаќаше сосема добро упорноста на мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А после само тие двајца можеа да речат дека оваа куќичка на планината е нивна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Впрочем, и никој, освен тие двајца, не знаеше со каква потрага се нагрбиле двајцата непоправливи Балканвавилонци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едниот како да беше заведен од другиот да одат докрај во неизвесната мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски беа во прекрасно, победничко расположение, дојдени до крајот на мисијата, коешто тешко можеше да го разбере некој друг, освен тие двајца.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие двајца не смеат никогаш да застанат еден наспроти друг. „Јано, зошто бог јаде лубеници?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Постоеја само тие двајцата, Петар и Томаица и нивната бескрајна љубов.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
По извесно време повторно седнав и пак тие двајцата си продолжија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бидејќи тоа сепак предолго траеше, Марин Крусиќ го отвори донесеното вино и тие двајцата, малку по малку, го испија на голо, надевајќи се залудно на некакво пристојно мезе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со полни кошници грозје, набрано од лозјето под Карадаг, тие двајцата се упатија во сарајот на санџак-бегот, но едниот сепак посмел од другиот, зашто си ја немаше мувата на капата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Па тие двајцата, и физички биле доста различни - едниот повеќе рус, висок, со долги нозе и подвиен во градите, на моменти замислен и затворен, а другиот со посреден раст, набиен, со потемна коса и енергичен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во вагонот за спиење беше многу удобно. Во купето само тие двајцата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Барем писмо и пари може да испрати без знаење на тие двајца монструми што го родиле.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога прв пат седнува, кога прв пат ги прима сите нив, а најпрвин дечињата на Танаскоица, Пелагија го подотворува своето лице со некоја далечна светлина и тие двајцата веќе знаат дека можат да ѝ дозволат да се врати во одајчето на Димостен каде што сѐ е доведено во ред.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако ништо друго, ќе го води аргатин со себе во Ќесендра и по прилепско битолските полиња, и како да е, тие двајцата белким ќе го вадат лебот и за старата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Напнат лик на еден стар мост и тие двајца, тој и Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веројатно и тој се беше зачудил кога ја забележал снежната виулица и кога видел како тие двајцата храбро навлегуваат во неа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зашто тие двајцата во едно маало растеле, другарувале, комити заедно биле, залакот леб што се вели, го делеле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А тоа е затоа што и тие двајцата не можат да се замислат одделно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Денеска Лидија и Зоки нема што да прават. Одат тие двајцата околу својата зграда, а Зоки има во раката црно јагленче.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но, предлогот самиот го дадов и враќање немаше. Тие двајцата се облекоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Супер“ си поминав со дедо на Пелистер! тие двајцата ме прегрнаа и се избакнавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
После и в затвор заедно лежеле онаму горе кај Црни мост, во истата зграда што беше интернат и во која после тие двајцата лежеа в затвор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Крај ѕидот на куќата се неколку мали столчиња и тиа двајцата се сместија на нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Филмот до ден-денешен не е завршен, а тие двајцата оттогаш живеат во Африка, откако купија една огромна фарма во Кенија!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)