ти (зам.) - веќе (прил.)

Ти веќе си решил сете витолишки вдовци да и ожениш, и види — не види, ајде во Рожден по невести. Море, гледај да не те пречекаат негде по Попова Ливада виа вашите аламани и да те оплескаат, бреј!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мрамор 2
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И без да сакаш ти веќе влезе во едно грдо време во кое, загледан во оние исконски карпи на твојот роден крај, ти осознаваш дека и не е многу тешко да се стане камен; бигор и мрамор, дури.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Можно е дека нема да ти напишам баш сѐ за Musicmaster, но сметам дека ти веќе имаш одредени информации, а јас баш и не сакам да фурам опширност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова му доаѓа како реципроцитет, бидејќи ти веќе го запозна мојот татко. - се насмеа Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Те тера да се возите по ескалатори, а ти веќе визуелизираш: невино го пружа ноџето нанапред, испотената рака се лизга, и тој паѓа во слоу моушн додека целиот трговски занемува.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Би сакал уште малку да те задржам во ова убаво мое зајдисонце меѓу ридовите но ти веќе се оддалечуваш талкајќи кон некое соѕвездие што сал тебе ти припаѓа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кога јас ќе станев ти веќе тргнуваше на работа среден, дотеран во костум и вратоврска, со испиено прво утринско кафе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но кога тоа треба да се каже, ти си нем, и ти веќе не си ти: немаш нозе смрзнати во листовите, немаш 'рбет за женска постела, немаш чело, гнездо за сенка на мртва птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- А ти веќе не разговарај со неа. Таа мене ме гледа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти веќе нема да го нишаш моето чедо; седејќи под убавото дрво во овоштарникот кое дава храна и сенка, веќе нема да те полнам со вкусни плодови.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Камениот ѕид веќе ѝ нараснал до градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)