ти (зам.) - се (зам.)

И откако ги испрати со најголема срдечност, му се фрли на Мирчета: — Море ќе нѐ земеш на душа со вакви твои пријатели, бреј! Не гледаш ли, пет души сме ти се обесиле на вратот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледам, денеска од изутрина ме потерало... Ти се молам, Арсене, види на плеќиве...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе сум верувал дека сонцето навреме не ќе изгрее, отколку ти...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Другпат да не ти се повтори. - И ми ја грабна слушалката од рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
ОСУМТЕ ДРУГАРКИ: (Пеат). Зошто ти се, баш девојко, тие туѓи луѓе?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Да ти се мочам јас на твојот здрав народен дух, кога се смее само на гениталии што залутуваат во туѓи гениталии и на ануси што прдат; тоа ли е врвот на народната уметност, Луцијо?!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или оној со врзаноно око ти се пофалил? Тропни ѝ на вратата, ти рекол, ќе ти отвори, ровка е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„И ете, мирно седи си и гледај како ти се разнебитува животецот!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ништо во градот нема да се вика по тебе, а и подобро замисли ти се погоди депонија, или улица што не води никаде.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Пак, блесок: листовите ти се голи; Се лулаш пред бујната липа.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Кого земјо ти се готвиш да го лапнеш да го голтнеш...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто ти се прасиња? Да си тучам момите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ФРОСА: Ју, како било! редот ме носи... Требаше нешто повеќе да направам, ама рековме „Со деца малечки рацете ти се врзани“. Пак проштавајте...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А тебе ти се чинеше ќе ти дојдат слугинки да ти и гледаат твојте и да ти работат, та запињај да се женат девери ти, желки по меот да му лазат, да даде господ златен!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не си каснала нешто убаво што ќе ти се врати на лицето, на кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сѐ ти се отвора: и срцето и душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакав да го знаеш сето ова. Сакав повторно да ти се допаѓам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
— Зар тоа ти се сојаде, вели Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме гледа и како со умилен глас да ми вели: - Убаво ли е, сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти достига, татенцето сѐ ќе стори за моето соколче, - чинам така ми вели татенцето и јас сѐ поблиску приоѓам кон него, божем ќе му се фрлам во прегратките, ќе го гушнам како роден татко, а тоа од страв му се доближувам да не ме запне од подалеку, да не ми го скине главчето, та без главче да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога го бакна, таа му рече, „Ти се врати дома поради нешто, Даниел? Дали нешто си заборавил?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ама само поминуваш со раката преку устата, преку веѓите и раката ти се полни со вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дедо му Аврам кога лежеше болен и кога вака му доаѓаа луѓе со понада, велеше: „Во животот човек може да ти направи зло колку што сака, тоа се простува, но најтешко е ако пред умирање не ти обрне внимание, ако во тие моменти ти се сити или свети...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Како да сме во мевот на некое огромно животно, не ти се чини?“, го прашувал и ударал со чеканот по утробата на чудовиштето обложена со камен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ти се гади? Симптом на труење од хипокризија во контаминираниот простор.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
- Чувајте се, да не ви падне сенката во темелот, ни рече, оти ако си ја заѕидат сенката, ќе ти се одземе здравјето, вели, или некоја завист ќе ја ненавиди куќата и жената и цел живот невиден ќе се шеташ, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Оние што дошле да се распрашуваат за него заборавиле да ти кажат дека го имаат прибрано“, ми вели Сане деверот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ти се случат такви работи од кои никогаш не ќе можеш да се повратиш, па макар живеел илјада години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На петиците ти се поткрева телото, а на прсти ти паѓа, се начекува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако добиеш главоболка или ако ти се лоши, родителите веднаш да те однесат на клиника“, мошне сериозно зборуваше докторката Горица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога ќе стасам дома, веднаш ќе ти се јавам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Ете, ти се јавило“, ми вели деверот. „А како мислиш дека ми се јавило?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се смее акробатот, пропаднатиот акробат, а смеејќи ти се ѝ се смее и на својата судбина. - Овде те држат од милосливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кон земјата што ти се одронила под кожата, под ноктите. ״И смртта наша, на нашиот роден крај се потпира“ - би рекол Лазор Ночески, а ние на смртта секој ден ѝ се доближуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како риба е, токму кога ќе помислиш дека ќе ја фатиш таа ти се излизнува низ рацете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нешто како се грижи околу децата, како ќе им кажеш и тоа, ама те чека изненадување, и, дури ги бакнуваш рано наутро за да им соопштиш дека, ете, си се заљубил, ти се врти нервозно и ти вели: „Оди бре, тато, најди си женска и нејзе гушкај ја“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ти се допаѓа? - ја прашав. - Да, - кусо одговори таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зар не ја знаеш онаа, старата? Тргнал некој слеп на питање, та попат го сретнале некои мажи и го прашале: а бре, кој ти ги извади очите? Брат ми, - рекол слепиот. Е, затоа ти се ископани толку длабоко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Селаните ако ти се лутат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не лажи, велам, украденото ти се гледа во очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Така ти се чини“, вели. „Сѐ додека трубат трубите, војните ќе бидат овде, покрај нас, спремни да се огласат“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рацете ти се стеблести гребулки под чии потни сокови полињата умираа за да се родат повторно;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Нека ти се живи зетот и снаата, да се повалиш со ниј!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јазикот ти се здебелува, ти ги завлекува зборовите, ама ти не запираш да ги мачиш, да ги истураш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брат ми прашува дали ќе го затворат пак татка, а мајка вели: Пришт да ти се фрли на устата, камен да ти застане на јазикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти бев благодарен за тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тече оваа река по твоите натколеници нагоре и ако некојпат останеш без небо ќе израсне мостот повисоко од сите векови и пепелта твоја да ти се поклонува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И ова речениците - башка сѐ исто, рамно идат, нема осцилации, не можеш да видиш ти се радува ли или ти се лути.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Знаат, но не ти кажуваат, бидејќи сакаат да им слугуваш и да ти се потсмеваат.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зошто ти се сватови? Ќе ми носат невеста.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Смеата можеше да му се види со очи: од устата му шибаше коњска пара.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку што почесто на левото рамо ти се откриваше прерамката, боја чоколадна, толку во воздухот што среќно си го делевме се множеа нечитливи пораки: среде ловостој, започнала новата сезона на ловот, на пример.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Секој пијан ќе ти се истопори на влезот и ќе ти се измоча, да простиш, на диречено. Ѝ велам на Зорка, не е ова некој живот, треба да бегаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
СПИРО: Знам, чорбаџи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Моите се обидоа да ми помогнат, се разбира во корист на Маврово, а главен аргумент им беше – излегувањето во градот нема да ти побегне, дискотеките ќе работат и кога ќе се вратиме, а и другарките и другарите, ќе те чекаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Заборавил дека најопасен е оној што ти се плаши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А рече ти се ежи кожата. Од што?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па нека се смеат. Напред, па назад. Секој систем си има своја рутина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И затоа, не облекувај туѓи чевли или ќе ти ги стуткаат прстите на нозете и плускавци ќе ти се наредат по петиците, па кога ќе ти пукаат, сите ќе ја видат крвта што ти капе од меурите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На гробот на Изет Сарајлиќ Оној ветерничав април кога спука во Сараево ми рече по телефон дека сепак не можам да ти го испратам она што најмногу би ти се нашло - една вреќичка компири.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Са ноќ слушаш како доаѓа и се враќа, во еден ритам кој повремено ти се губи како ритмичното чукање на часовникот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од карање нема да ти се урне бисерот!... - Го советуваше башмајсторот Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имам прочитано некои од твоите написи што ги пишуваш за „Тајмс“ повремено. Сосем се добри, но тие се само преводи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако нешто не ти е јасно, не отфрлај го: засолни го некаде во главата. Некогаш само ќе ти се разјасни...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Ти си човек од бога, му велиме, и ако ти се откажеш од нас, ќе мислиме дека и господ се откажува од нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Страшно е кога некој те гледа право во уста, а ти се озабуваш покажувајќи ја својата очевидна несовршеност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оти јачменчок ти се фрла само ако намигаш и ако се смееш на коњски прдеж.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој пченица, некој 'рж, некој јачмен за коњот, елем двесте куќи — двесте кутли; тие ти се дваесет и пет кила жито.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога и како – не знам, ама тој да ти се поврзи со некои арамолепци по селата околу Лиманци...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Е, сега, го насити народот, му велам, дали ти се наполни душата?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Абре, Симон“, ми вели, “ти се исушила варва. Што ја држиш дупката отворена, што не ја запреташ?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше дојден и лекар. Тој ја прашуваше мајка му: - Како ти се случило тоа?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Замисли да ти се децата џимрии, па пребаруваат - едни јадат боранија, други не сакаат ни да ја чујат, едно сака месо со компири, друго не меша протеини со јаглехидрати, а само едно „веге“ па ти е многу, па, мораш секој ден да ги препрашуваш кое има „дејт”, заради кромидот и лукот што секогаш заради евентуалност го служиш одвоено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога гази по патот, ти се чини цар минува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Напати мислиш сѐ пониско слегува, ти се доближува и расте, се шири, ко гумно запалено. Сака сѐ да прегори, да поклопи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А, во моментот кога и тој што те работел цела ноќ ќе почне да верува дека навистина те мачела некоја болештина, заедно со неговата жена, да не речам глупача... сите испити ти се положени!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Што ми фали пак мене? - Ништо, ама не знам зошто сте вие машките такви, кога некој ви се допаѓа, не го кажувате тоа отворено, јасно и гласно, туку сѐ нешто изведувате – реков и во тој миг се сетив на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Чудно ми е дека не ме запрашува зошто олку сум се задоцнил, не ме кара дека веќе се стемнило.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа значеше: што ти се чинеше - овој абер нема од веков, овој е загубен? Загубен, а?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Добро. - Гледаш дека ти се допаѓа? Тоа ти е име! Навистина, тоа беше име!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
12. НЕ МЕНУВАЈ ГО ЗБОРОТ КАКО ВРЕМЕТО ВО МАРТА - ново правило не е воведено во играта стара за во следната тура да ти се додели карта со која би го коцкал него како ситна пара...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Змиулеста планинска патека А во зеленилото жарчиња од јагоди. За жедта најсладок залак Додека ги береш усните ти се палат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Многу си плитко посаден, вели Мисајле Ковачот, затоа сѐ ти се ниша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Велаат оти забит, да гледаш на сон, тоа некај светиа ти се сонуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чекај, уште не е доцна, може и тоа да биде. Не брзај, тебе многу ти се брза насекаде, — му одговори осорно Борис.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Што толку важно ти се случи, па не дојде?“, ќе праша и веќе следната недела ќе го видиш прв нацртан во дворот на црквата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нешто ти се случи. Зли нешта ти навлегле во мислите.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни стана мил, близок и доверлив. Затоа решивме тебе да ти се јавиме, да ти се исповедаме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Незе ѝ се закачи во умот веќе Витолишча и Илко, и сега со синџири да а врзиш ќе окине и ќе дојде. Такви ти се виа чумите наши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Партизаните ги прекрстија рацете на рамењата и за миг одекна песната: „Друже Тито, љубичице бела, Тебе воли омладина цела. Друже Тито, љубичице плава, Ти се бориш за народна права!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И како по вакви бисери да поверуваш во секојдневието што ти се нуди, кога знаеш дека за твојата безбедност се грижи неспособниот инспектор Брок, дека твојот град го водат тројцата корумпирани свињолики одборници, дека твојата светла иднина ја одредува Министерството за истражување руди и губење време, а дека вистинското мерило на твојот транзиционен свет е пијаницата Суперхик, кој краде од сиромашните за да им даде на богатите?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ти се продаде шо се продаде на Србите, но внимавај на поведението оти иде денот на расплата. Ѓуро.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
НЕДА: Ти се молам, престани. (Надвор се слуша автомобилска сирена.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Зошто си толку сигурен дека е тажно?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе Те потсетам госпоѓа Лејбовиц неа ја дефинира како литература која и не се занимава со друго освен со длабините на душата (Старова, 2008: 10).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И ќе ти се лути дека си го предал.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И да ти се оди, не можеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште не фатила жештината, ама ќе ти се слади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Црна земјо штура земјо зошто си се отворила како ламја си зинала Кого земјо ти се готвиш да го лапнеш да го голтнеш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Баш си го избрала! Подобро ќе е маѓијата да не ти се фати…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ти се движиш во круг по познатите треви а спиралата на времето те влече по нови виделини.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Понекогаш му велам, добро де, еве затвори, јас ќе ти се јавам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тебе не можам да ти се обратам во некое туѓо или фиктивно лице.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една опута си врзал, а другата ти се кине. И нова набиеница ти отвора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеш со нив, ако ти се посака, да го плашиш Методија или Ивана, да изигруваш пред Младичот дека си член на Централниот комитет или човек од самите врвови на организацијата, но не заборавај, ти се молам, дека сите тие фасони, кај мене, не врват.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Истресов товар глупости, па сега затоа не ти се јадат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Е, ќерко, лели до тамо си а дотерала работата, гледај — прави побрго нека биде, да не разберат светот да ти се смеат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се рекло, ако немаш спомени, нема за што да ти се задржи и како да те поднесе душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ќе чекаш така да ти се јават во лончето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ти се плукнам на одговорот, си реков. Но ништо не му возразив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ОЧЕ НАШ, КОЈ СИ НА НЕБОТО - ДА ТИ СЕ СВЕТИ ИМЕТО... ВОЛЈАТА ТВОЈА, ОЧЕ, НЕКА ДА СЕ ИСПОЛНИ... * * * * *
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„ Се сеќаваш ли“, рече О'Брајан, „ на моментот на паника што ти се јавуваше на сон ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И не знаеш кај да гледаш, што се вели, ти е страв да ти се сретнат очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ти е најтешко, кога ти се чини дека гласот ти е крик, а погледот - молење, загледај се, нурни се во водите сини, ај, во таа свежина, во тоа шумолење.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и леѓените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот, ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa, поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ти се наоѓаше на брегот и со термометар ја мереше топлината на водата што излегуваше од дувалото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Што е, Стојче, - така го вика дедо Иван сега Пискулиев, ти се паднал набиен компир? - Не, не е набиен, дедо Иване, - вели Пискулиев благо поучително.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Диши слободно, вика Никифор, пју либераменте, кос, кос, дишењето остави им го на стомачните мускули, исправено, исправено, многу влечеш на вибрато, така, така, вели, и дишењето треба да ти биде дел од музиката, не стегај ги прстите, вели, треба да допираш, како некого да будиш, вели, тонот треба сам да ти се јавува, да ти се оѕвива...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Моја единствена, таму, во топлата одаја, клекни пред иконата на Богородица и моли ја да ти се вратам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ми вели: - Слушај, - ми вели. – Зошто ти се буниш? - Па ова е греота, ова е срамота, - му велам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повлече од цигарата. - Кога сакаш бујрум кај мене крени си некоја гајба Афро – кола и однеси си ја дома и на Александра, ѝ реков дека може да се послужи со мојата залиха од сокови, мислам сериозно, ако ти се допаѓа пијалокот, нема проблем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да ти се клекнам на умот, ако можам некаде да ти го најдам, му велам, оти умот стои в глава, а ти го носиш во газот, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Умен, мајкин“, ме погали мама. „Многу ме радува дека и другарите ти се умни деца. Од вас ќе станат чесни луѓе.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Сите ли подеднакво ти се допаѓаат? - ме потпраша мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А неговата руса жена, целата набрекната во градите и во рамената, гледаше во стапалките, што ги оставаше ти со твоите оппинци, секој миг готова да ти се врекне, како да си ѝ го утепал татка ѝ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нема по што да ти се полаже мислата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И нешто ти се разлева надолу по жилите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но таа збунетост пред мојата исповед , барем на неговото лице, траеше само еден момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ТЕОДОС: А ти мустаќите арно да ги исчистиш, Спиридоне. Уште ти се извалкани.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ти се допаѓа Ада? – го прашав директно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Драги војводо, не ти се лутам тебе, туку себеси се лутам...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зошто ти се дворови? Да си редам столови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Му велиш: „Откако ја изнесе печката во тремот, некој топол ветар шета околу нашата куќа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Покажа со очи на празниот стол и рече: - Прости, момче, не ти се претставив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога се наоѓа веќе во Истанбул првата желба е да го видиш Босфор, зашто од овој природен канал патуваш кон приодите на Црно Море и веќе ја гледаш и Азија и можеш, доколку ти се укажува можност, да стапиш еден чекор на нејзиното тло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Може да ти е пришиена во ракавите, во предниците, вели Маса Ќулумоска, или да ти е притаена под шамијата, во косата и ти се пресмева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На враќање, пред да си отидат и Игбал и Мила, ми се стори дека таа мангупски ми намига и тивко, за да не ја чуе тој, ми шепнува: - Ама признај, Бреза, дека ептен ти се допаѓа, признај дека си вљубена во него!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но Филозофот, како само тоа и да го чекаше рече: „Тебе, оче Стефане, душата пак за овој свет ти се готви, како вечно тука да ќе престојува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во петто одделение има многу материјал по аритметика и геометрија", пак лажев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И умот ти се земал кога знаеш колку си наблиску со тој што го сакаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не е тоа баш така како што ти мислиш, Игбал е поинаков од нашите момчиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ебаго, жената ако не ти се поткрене, зошто ти е што си ја вјанал.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Зошто ти се столови? Ќе ми дојдат сватови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нема да се чепатам пред Јона, а ваму не се трае. Мислиш ти се кинат цревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Место да ги дадеш навреме да ти се поправат, ти чекаш да изгнијат. Ајде поправај ги сега.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Прозорците на станицата се тресат, се рони варта од ѕидовите, од таванот и ти се полнат ноздрите со прав.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Дали некогаш до сега ти се додворувала девојка...!?“
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти се плашиш“, рече О'Брајан гледајќи го в лице, „дека следниот момент нешто ќе се скрши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А потоа ја разгрна на скутот ленената крпа и го подаде убавиот краешник Водата е подолу самата ќе ти се понуди, рече.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таква сум, неверничка, избрзувам со своите заклучоци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа и не знаеше дека јас сама научив убаво да сукам и кога ќе ја јадевме питата таа мислеше дека е од стрина ми и често велеше: Гледаш како стрина ти се научила да сука пита.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И не го почитував правилото дека никогаш не знаеш што може да ти се случи по пат велејќи си „Плин имам, само да ја земам, вртам крукче и се враќам“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
При втората средба се запознавме подобро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Среќата е сирена и малку е да си сам да ти се плаче; среќата е жена и малку е да си Кам да си мачен.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
2. По поделбата на Македонија, ајле и многу порано, сите пропаганди почнуваа да пустошат и да го прекрстуваат народот, а народот ти е прост и гладен: за едно решето жито што сакаш ќе ти се пише — и Грк, и Србин, и Бугарин ќе стане, да има друго и друго ќе стане,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Те гледам тебе како се радуваш,ѝ велам на Лена, кога ќе ти се јави пријателката од С.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не верувам да ти се жедни бригадирите ... – го закачаше весело и потаму тој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како да немаш што да облечеш, зарем не гледаш дека пантолоните ти се отпарани назад?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Надвор снежи а ти влегуваш облечена Во твојата црвена кошула Ги отвораш ноќите и потоа седнуваш Покрај огништето: догоруваат нежните стебленца на нашата цреша Ти се стискаш во мене, полека заспиваш И пред сонот ми велиш: - Гледај, црвена бубачка умира во пепелта.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
— Туа де, дури и вратот на Илка му го виде ти! — ја брецна Стојна Цулева. — Ете, тоа ти се вели стар мерак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако некој ти се приближи, на пример ако дојде на 10 стапки од тебе, речи, „Вешто ракувам со полуавтоматско оружје.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како да ти се моча, од сосема разбирливи, природни причини, но ти да изјавуваш дека од општествени причини не ти се моча; беше тоа еден вид противприроден, но затоа, општествено пожелен блуд со самиот себеси.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земи го дикелот и појди на крајното лозје, кај карпата да покопаш. Ама убаво, подлабоко. Што, не ти се оди?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СИМКА: (Му се фрла на Јордана в нозе}. Црна закопај ме, татко, не давај ме за Јован,.. Костадин го сакам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Неподнослива смрдеа од која можат да ти се одврзат кондурите.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А Димче помисли: „Да ти се врзе јазикот!“ - и појде на училиште со одврзани чевли.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас постојано те гледав и ти се насмевнував.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зашто само со такво сознание прекинуваш со сите дејанија со кои може да ти се измери умот и разумот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ИВАН: Замолчи. Никој не ти дозволи да зборуваш за таа жена. (По мала пауза.) Ти се молам...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
18. ЈА ВРЗАВМЕ РАБОТАТА СО БУБАЌЕРЕН КОНЕЦ - дејгиди лесен товар со прспите носен, овдека ти се дава да смислуваш што не додека и бубаќот не го изусукаш сосем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„Тоа што ти се случува овде е засекогаш“, беше рекол О'Брајан. Тоа беше вистинскиот збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Три дена и три ноќи лудница. Ноздрите ти се постојано разјадени од смрдеа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали ти се наполни душата дека го насити народот, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш, сѐ уште во нив има живо месо.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не играј топка. Не трчај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
АРСО: Ќе спечалам, ќе ја соберам вересијата и ќе ти ги вратам парите, а лозјето остави ми го, ти се молам, чорбаџи Теодосе, ми е спомен од татко и од дедо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога дојде Рајна во посета, се изненади, ти се покажа најголем традиционалист од сета наша генерација, што е ова сѐ штиркано, сѐ мраз пеглано, а само за еден човек, заслужува ли оној суртук такво нешто, знам, знам, сега ќе подзамижиш и ќе речеш, е па на некој начин и заслужува, колку убаво ме љуби, ха, ха!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И ти имаш уши да чуеш, и знаеш поарно од мене, туку се правиш дека не слушаш, ти се живее, не ти се умира, таму е работата!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ти ја отстранив мократа коса од лицето и благо те бакнав на усните, а потоа ти се сврте и влезе внатре.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Биле, - ѝ велам кротко, - кажи, што ти се случи?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ама, ете така, со млада кога се спиело и од кочанки да била постелата, пак не би ти се станувало, а камо ли што од баба Анча постелата е полна со слама и паперка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Жена му од Мил фучна со носот: - Не бараше таа да ти се направи гроб за тоа...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пропаста е пропаст затоа што враќа со лошо! Покрај неа никогаш нема да дознаеш зошто и како ти се случила несреќа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го гледаше како со бавни чекори се оддалечуваше преполн со необјаснива тага и меланхолија која му ја предизвикуваа зборовите во чие значење проникна толку длабоко и од кое не можеше толку лесно да се ослободи и покрај тоа што тие се однесува повеќе на минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога живееш сама во куќа, кога ќе си дојдеш дома го проверуваш каменот покрај влезната врата за да видиш дали бил поместен во твое отсуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти се допаѓа ли да го правиш ова ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти се лути, велеше, шо му a наметна Ката та, ете, сега му дојде на колај да ти плати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Добро, добро! Гледам дека полека ти се допаѓа смислата на овдешната живеачка, - уште настојуваше Светлана да докаже дека е во право.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејќам да ми се смеат сите: е, ти носиш вода, а ние тука се потиме! – Кој ти се смее?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ем, тако ми Бога, чедо, тебе може да ти се чини лага, ама мене за вистина, чунки ми е приказано од деда прадеда; чунки во стар век, синко, не лажеа нашите стари како сега што лажат младите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
— Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Којзнае како и зошто но во борбите против Османлиите и тетин ти се нашол помеѓу српските војски.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да не ти се залепи 'рѓа, пијавица!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ФЕЗЛИЕВ: Јас не бладам. И ти се молам, не изигрувај пред мене - невиност!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе погледнеш, а погледот ништо никаде не ти покажува и од никаде не ти се враќа назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеш да ги пцуеш, помисли, да им речеш дека се страшливци, дека се арамии, а тие ќе продолжат само да ти се поднасмевнуваат будалесто вака спитомени и, во најлош случај, само ќе те надополнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во мигот кога невестата ќе го пречекори долниот бабар, гатачот го удира со стап и извикува: „Виде јајце в камара, ти се стори пладнина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури и кога гледаше низ прозорец или ти се чинеше оти сега Даскалот ќе ја фати да не дочула што рекол.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тоа ти се вика суптилна тактика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Кој си ти и кој ти ги видел очите да те праша за кого јас ќе се мажам?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што сум постигнал во животот е благодарение на тебе…, тато, иако јас ти се спротивставував понекогаш и велев дека не си во право, длабоко во себе знаев дека, дека ти си во право и ги следев твоите совети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Да не ти се верува! Планини - грамади!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Зошто ти се момите? Да ми метат дворови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потоа, ќе се напијам и ти се молам не сакам никакви сцени... (Оди кон излезната врата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Ќе ти се насмевне, и сам ќе се насмевнеш и ќе му посакуваш и добар пазар, каков и да е...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога ќе си го здогледал инкасаторот – ти се мрзнела крвта.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Винсент Грум,авторот на романот „Форест Гамп“ по кој американскиот режисер, Роберт Земикс го сними истоимениот филм, се прослави по прочуената фраза: „Животот е како кутија со чоколада. Никогаш не знаеш што ќе ти се падне“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Му реков: Брчеа авиони... Можеби нивниот брчеж ти се присторил како тенкови...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И дури тие пеат ти можеш да чуеш сѐ: и како ти плаче душата и како ти се радува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Искрено Јана, во метежот во кој се најдовме сум го затурила некаде именикот. Денес го најдов и сега ти се јавувам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми ти се спие! — го гали Бисера и чека одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Маката беше што се раѓаа еднозадруго и што работата ти се шири.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
— Чекај, Досто, да те вида, чекај, јагне, да ти се нагледам! — рече замајано и како за себе почна да си зборува, кревајќи ја главата кон таванот на земникот: — Е, е, е, сполај ми ти бре, боженце, кога и јас челад су ти бил, кога и за мене дел си одделил! — и ја гледа право во лицето и ја држи за раменици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега, испули ми се убаво, ѝ вели Манол Форевски, па после јас ќе ти се испулам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Што? Ти сакаш девојка една. Тоа е убаво. Само мал си, уште на носот ти се фаќа роса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Последниве денови многу луѓе ти се војваат низ куќи?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ако ја погледнеш одоздола, добиваш претстава дека со раце можеш да ја прегрнеш, но штом во неа ќе влезеш, ти се чини дека си во некоја голема , тркалезна хала.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Заслушај се ноќе, и ќе ти се јави некое крцкање на креветите, над тебе или под тебе, небаре црвец да работи во штиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Многу си заслабната, ми вели Никифор Абазовски, затоа ти се привидуваат војници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Аха - Така ти се чини, рече Србин, кој исто така мамеше во носот таква миризба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Целиот свет на грб можам да го кренам и да го носам, Луцијо, само за тебе; не сум јас толку слаб како што ти се чини, Луцијо!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зашто мене, далечната, не ја сакаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Душичке, ти се молам. Уште овој пат. Белки ќе биде последен.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Ама, не ти се допаѓа многу, нели? - инсистирав. - Добар е, - пак кусо ми возврати.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ти се смееш, - вчудовиден му рече Аритон Јаковлески, - ти се смееш, ѓаволе!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Ако имаш некоја работа да ти се заврши некогаш, да се копа или да се сече, кажи ми“, ми довикна пред сосема да замине.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајко, ах, навистина мајко, дојките да ти се исушат што ме остави сам! Кај да те побарам?
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ти се плашиш од смртта повеќе и од оние кои во идејата за бесмртноста бараат утеха,“ му реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Брат, небрат, тебе ти се падна, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој нема да ти се вџаши, да свика за да се побуни, да те прекине среде реченица, ако се осмелиш да навестиш дека тип кој обожава диви, кој сака сентиментални песнички за невозвратена љубов или песни од мјузикли, кој наизуст ги знае најдобрите реплики на Бети Дејвис или им придава врховна важност на отмените парчиња или на внатрешното уредување – велам, никој нема да се згрози ако подречеш дека таков некој маж, можеби, евентуално, не е баш сосема стрејт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Нема што, нели е мерак, согласен сум... Само, сите свадбински редови и адети да се исполнат...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Обвинетиот Иван Ташин е копиле според вистинското значење на овој збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаме и телевој, нешто како инка, за да не ти се растура гласот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
В ред, в ред, тоа не значи дека сите ние не заспиваме и не се будиме со уверувањето дека не сме премногу злочести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Приказни смислувам, митови, стории за да те кажам: те именувам, ти се обраќам и те сликам, те олицетворувам, те отелотворувам и, да признаам, сѐ што сум напишал досега до тебе обраќање е: веслање по вода, воздух, етер, земја учење на твојот јазик следење на твојот пат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од никаде не ти се станува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па се дуеш, па се лутиш и сѐ ти е сиво, клоцаш маче, ти се чини тоа ти е криво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ја слушнав и караницата меѓу вас во оние денови кога ја натеравте тоа да го чини; таа ти се спротивставуваше, плачеше, паѓаше во несвест, но твојот бес и закана ја тераше да попушти.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Додуша, тоа ти е утка, ама ти се брои.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Остануваше така целата измачкана зелено и жолто и црно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ти се верува? - праша Анѓеле. - Не, никако! - одговори Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Но тоа не ме тера да си давам лажна надеж, за да го избегнам сопствениот страв.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вината ќе биде твоја ако ти се случи да паднеш дури и во бездна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
III Се споулаи веков: рацете ти се на нива очите в кафеана главата под земја!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Страв „Еднакви сме, луѓе сме, несреќни сме, брате Харуне, ти памтење, јас белег“ М. Селимовиќ, Дервиш и смрт Сличноста нѐ покоси како чума Замижи, ајде, уште да те барам Да бидеме течно бреме, вечна дума Кога не сме среќни, а не несреќни Во кој конак на времето ли те сретнав Како да ти дојдам, кога ти се ветив.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Реков: само еден мост. Го поминавме ли мостот, ќе ти се насадат љубителите на играчки како мушички на шербет.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Она што го сакаш, не го добиваш. Она што го мислиш, ретко ти се остварува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Или под работен наслов, прилично крваво, поднаслов, ти се еба мајката од мене и вакви како мене.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Исхак и Аја сме ние, тие она што не сме крајот уличарски се нуди човекот во туѓи мени губи ти се колнам, Време: си било едно нешто за многу века во сомнежот се заљубила река. Кога ни ти дојде, ни јас те чекав...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Еве да ти се јавиме цару дека сме живи и здрави што и тебе ти пожелуваме од сето срце и душа да чуеш за нас како сме ги биеле твоите војничиња и како ќе ги биеме конкретно...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не, не ти се лутам јас тебе: со безбоен плашт очите ти ги покрив, да не ме гледаш, па те испратив од мене за навек, одвојувајќи те со сенка, посенка од разделбата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ - ти се вели да не правиш од играчка плачка, ако својот детски порив во себе го згаснеш за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тој со полна уста му одговори на Стојана: — Море јас се жени, брату, и се оджени, токо гледај сега побарај ти некое пупулче тебе да те прожениме, да ти се наиграм на свадбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ТЕОДОС: Е, така. На Арсен кажи му дека сум азар и сега кинисувам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И ова беше еден нов вид дарежливост во неговото искуство, едно губење на своето себе што значеше себедополнување, давање за да ти се врати, ако повеќе си дал, повеќе си добил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Затоа јас тебе не ти се лутам што сакаше да ме исплашиш. Ама ти самиот се исплаши.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како што рековме, овие денови ќе ти се платат по два трудодена, а да не зборуваме за тоа дека со ова ти ја задолжуваш и целана наша Задруга, а исто така и социјалистичкиот напредок на нашено село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Де, седни де! И ти си мераклија како мене! Не си ти за оро, тука ти е местото!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дури и сега, јас сум сосем свесен за тоа, ти се држиш за својата болест, верувајќи дека таа е доблест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Де, де! Изгледа си станал на лева нога. Овците небаре ти се раштркани и не ти се на број. -Море какви нозе, какви овци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште од рани зори момите и невестите, засукани високо над колена, ја газеа калта, притоа низ песни им дофрлаа на сосетките: Нашите црепни најлични, вашите црпни - црепутки Митро ле, моме најлично, али ти земја грутлива, али ти криви нозете, што ти се црепни - црепутки? - Ихиии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се капеш, а од ѕидовите ти се смеат синолички и боливач, обросени од пареата. Сѐ цвеќе до цвеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш не ти се вдава да се опулиш долу во снегот, да видиш дека стапалките се машки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ќе ти се јавам“, рече таа. „Важи“, реков и ѝ ја упатив својата најширока насмевка. „И јас тебе ќе ти се јавам“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ма не, јас само сакав да кажам како некои жени не бираат начин како да ти се утрапат во куќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Селаните ти се еден недоверчив, а прониклив свет, се сеќавам на зборовите на Владета историчарот (да, така рече, прониклив свет!).
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дедо ми везден ѝ велеше - требни ти се синови снао.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
ЈОРДАН: По сојот ти се гледа во кое време идеш! Ако си маж, дојди денски!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Јас сум вистински, јас постојам, јас сум жив! Зарем не ти се допаѓа ова?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Особено кажувањата за животот беа силни, чисти, раскажани со разбирлив, близок јазик, веднаш во душата да ти се всади болка за оние за кои се говореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ж’та ти се пие. Да ти ебам ж’тата.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Саде насон ми идеш... и ме гушнуваш... Дали јазли врзани ти се сите патишта?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
— Молчи, ќе ти се смеат, му велам, а може и полошо...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ти се примируваш со неа. Таа те става во зандана, за да го уништи твоето несогласување. И те смири.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сакам да го охрабрам. Сакам да му ги искорнам од главата црните мисли.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
КУМОТ: Песна ја признавам онаа што кога ќе ја чуеш, дури и срцето ако ти е заспано да ти се пробуди. Ете тоа е песна!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Беше хронично гладен и хронично настинат - ништо не го најадуваше и никогаш не беше дојаден, а од друга страна беше истрениран да трпи глад со денови; зиме - лете носот му течеше, кога мрсули кога водичка, па не знаеше што е тоа да ти биде топло, кога е доволно да имаш нешто на грбот колку да не ти се тресат вилиците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Што ѝ да речеш јас тебе не можам да ти се налутам, Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. 62
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нора синоќа се вџаси, рече: „Добро што ти се случува?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па уште и кога ќе ти се погоди некој со намус како Лумана, што правиш!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Коле повторно во себеси го дочитува докрај, а потоа почнува гласно и од почеток: „Драги Коле, Можеби ти е чудно што ти се обраќам со писмо, но поинаку не можев.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
САВЕТКА: (кинисува и подзастанува). Како врева на улица не ти се слуша ли?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Устата да ти се позлати, сестро, - кажи, стопи ми ја грутката во градиве... - се одѕва молежливо мајката и ја стави на градите раката украсена со скапоцени прстени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МАНОИЛ: (Тргнува кон неа) Дозволи ми да ти се поклонам!(Клекнува)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ти се тресеше. Прслучето ти се гледаше преку до кожа залепената тенка блуза.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
— Ќе ти се навлажи барутот, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти се возиш во автомобил“, му велам јас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
— Пак, светијованке, пак, ти се лути свети Илија шо му врвиш крај црква и преку двор кога одиш „Даги нива“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Феноменот коцкање е многу интересна тема. Стоиш така пред рулетот и ти се накрева сета енергија, почнувајќи од гениталната чакра.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не ти се лутам, му велам, убаво ми направи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КУМОТ: Василке, ај, да ти се ќердоса синчето! Еднаш во животот да им биде!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А сепак девојчето го сожалувам иако со забите одвај ја додржувам сеуште неизречената помисла: „Другар Канчевски, верувај, тоа беше најмалку од она што требаше да ти се случи!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа амалска активност никад не би ти сметала, ако у лифтот не ти се сопатници: Пакистанецот што копа на кари и ти диши у врат, малиот Кинез со уште помали ноџиња, бабичката што го носи на мочање мастифот што е голем ко липицанер...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дваесет минути подоцна го чувствувам приливот што надоаѓа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Без збор се одвоивме од групата, исто така несвесно како што им се бевме придружиле и одшетавме преку песокта, само за кратко застанувајќи на местото каде што претходно лежевме во љубовна прегратка, за да си го собереме остатокот од работите во торбата за плажа, да си ги прибереме чевлите, да си го најдам паричникот и да го запретам во песокта мизерниот, наизглед издишан кондом што ти се преправаше дека не го забележуваш. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 181
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Писокот бегал, станувал недостижен, зборовите биле потешки да му се придружат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И дождот така, ненадејно, може да ти се мочне во вратот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се спобудалеше од радост дека ти се родил син, дека ни се родил брат, но сѐ беше лага.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ТЕОДОС: Е, е, Арсене, за машки работи машки зборувај, не детински. Уште малку ќе се расплачеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не знаеше дека пред тоа треснав со плешки на земја заради истоштеност што почнува кога ќе ти се стори дека колениците ти се испразнуваат и стануваат клобуци од коска ненадејно истанчени пред некое распрснување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти се фатило чичек на косата, пајажина, лепкавец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му зборувам ете така, прилично горчливо, но без лутина во гласот, а тој ме гледа како првпат да го видел моето лице. И не е многу е среќен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очите ти се собираат, ти се затвораат ко склопци. А и да се пулиш, ништо не гледаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АРСО: Ти сам велиш...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти паѓа пепел од небото, ти се расат очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти се верува, Оливеро?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ТЕОДОС: (Се мршти.) Цвеќе... Како селска невеста...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Те дрма пубертетот, Бреза, тоа ти е тоа, лутела – нелутела, исто ти се фаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не е лоша – божем незаинтересирано промрморе тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Салама не ти купив, уште е топло - да не ти се расипе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Морам да го направам ова.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Внимавај, Бојанчо! Ти се молам! - стрепеше Денко. - Без грижа. Уште малку и готово е!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На одење Јоне му рече: Кога ќе ти се здодее да бидеш сам – дојди, ќе ти кажуваме смешки и песни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Господе мили, па воздухот е толку усвитен што ти се чини дека ќе почне да паѓа како запалена пуза, како саѓи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тој не им се лутеше, заедно со нив се смееше: беше го испратил еднаш, кога бил малечок, татко му Софре да ги паси гуските, а тој си дошол дома без нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Да ти се позлати устата, ама за слатко немам заби, - рече чичкото па слатко, преслатко се напи вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Идело така и на јаве и на сон да ти се прикажува исто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наставникот вели дека секој ден треба да вежбаме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ти се допаѓа?“ „Не. Знаеш дека имам фобија од пајаци“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најзагодочна на авторот му се виде неговата насмевка што во секое време се ширеше до некоја отвореност на душата, но никогаш човек не можеше да знае кога ти се смее затоа што се радува или ти се радува, а кога е готов луто да те касне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако не се сетиш, не можеш да се сетиш, тогаш како некаде во главата, во мозокот, крвта да ти се згрушува, ќе почуствуваш нешто налик на потисок на одредено место во главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Тие да биле арни не ќе дојделе дури ваму, му велам, заборави сѐ што било, земи изнаспи се, белки ќе ти се поттргне лошото, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И ми се случи, ама сè добро помина – реков и пак се расплакав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Црна листа Нечистотија од папокот земја што излегува на Црно море Калеш Анѓа кога ти се темни пред очите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Подобро жива да ти се нарадувам. Инаку на гробишта двајцата ќе нѐ каниш...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не ти се крева рака, што се вели, не ти носи душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не туку фолирај, мислиш дека не видов дека ти се допаѓа? – му свикав на шега. – Не била лоша! Море, авион е за тебе!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Еве, и јајцата се варени; две ќе ти се доста. И пиперка, и два патлиџана и парче сирење.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се плашиш да не ти го фати погледот, да не ти се сретнат очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ејди, Секуле, Секуле, му велам. Тие за кој ти се бориш ти се дома, на гости.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ќе се вратиме сакам и ти да го запознаеш. Сигурно ќе ти се допадне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Баба ми вели - ако поминеш под божилакон ќе ти се исполни сѐ што ќе посакаш... - Не можело!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ќе излегувате? - праша таа, а после придаде потивко и грижно: само ти се молам, не оставај го многу да пие.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
СИМКА: (Му бацува рака на стрико Кољо).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Не можам да ти опишам какво мачење за мене беше претходното излегување“, рече таа, гледајќи во својот сладолед од чоколада и мока.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислиш сега, низ прсти, ќе ти се смолзне и ќе ти загине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КОСТАДИН: Во сојот не чепкај, зашто ќе се испечеш! Не ти се допаѓа? Подобар е од твојот и почесен!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Очите ти се полнат, а душата ти е празна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па, нели постоеше реципроцитет? Дека давањето еден ден ќе ти се врати, поврзано со она: „Ќе ожнееш колку што си посеал“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затоа и го викаа Козето, затоа и дечиштата му измислија песничка и дека беше малку шантрав во одот, небаре пајка, му скандираа: Анѓеле, Пајчето, кај ти се, гуските, да ти ебам мајчето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас овде си ја играм својата ролја според договорот, играј си ја и ти твојата. Тоа е сѐ.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сѐ во снег, во шушлек ти се претвора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, депилацијата е задолжителна, фарбањето на белата коса со евтина фарба, која по едно миење добива портокалов сјај како од к'на, па кога му велиш: „ептен ружно изгледаш и ти се познава“, те гледа и враќа: „Само дење, ноќе е другачие!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога се врати до средкуќи му викна на дедот Петка: — Е, побратиме, ти се направи ли ќевот?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу им се допадна. И тебе ќе ти се допадне, сигурен сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Те одредиле на спиење со Михајло Горачинов и пак ти се отвораат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Тажно е,“ започнав да ти кажувам, сакајќи да речам дека ми беше жал што стигнавме до оваа состојба кога заедно седиме во тишина, но пред да можам да продолжам, ти приговори.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
2. Ако ова дрво овде е багрем, тогаш куќичката за птици е закачена за моето десно рамо, поилото за пчели се држи за сламка а ти си со Девојчето од другата средина, не ти се допаѓа преводот и ги фрлаш презреаните сливи кон косовата прегласнот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кога се преселив да живеам сама, брат ми ми купи пиштол затоа што кога жена живее сама треба да знае да се одбрани. Нишани во колениците!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Тогаш требаше да го спречам чедоморството и да ти се вратам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- А јагоди ќе береме ли? - праша Елена. - Ќе ти се здодее од нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старице, ме гледаш со сините очи низ топлата пареа од витлерите на твојата седа коса -такви ми се очите од раѓање; Го пушташ твојот јазик и гледам ќе ме прашаш, низ прозор не умеам да гледам а колку ѝ е чудесен тој на девојкава до тебе; Избрчкана рако, помрднуваш кон мене не ти се моите очи мета на кому кому како што ли ни смета?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
— Пуст ќе останиш, пустелнику еден, главата по туѓите стреи да ти се вала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був, од студентските дни Asio otus, а јас можам да ги ѕиркам низ чипките на завесите - стојат под прозорецот изѕемнети дури и од летен дожд, црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Е, Добре, најдобар човеку на светот, ти благодарам многу, што и да се случи, ако успеам, ќе ти се јавам преку северопирливиот телефон на вештерките од кралството на Вок со едно око.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А било многу опасно со маж кога ти се меша дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Море вистина така беше, бре синко Силјане, туку ова ти е кажано од некого, ја на сон ти се сонило а инаку не верувам да било“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Екстази почнува како кога се подготвуваш на добра журка со некого кој навистина ти се допаѓа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зад мене Неделкојца Сивеска ми се добира со устата до увото и вели: - Вистина, оној пат, го виде Неделка, вели, или така ти се сторило?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти се доближила до некаде дивината и не може повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ТЕОДОС: Нема една мана, туку триста. Прво и прво, името — Стојанка, селско име.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Трогнат од неговите солзи за малку и сам да просолзи.) Песна!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Знаат да зацелеат, како ни една друга животинка а нема да ти се вратат в раце, тие големи самјаци, сè додека се во состојба да направат барем уште еден чекор потаму, а ти оди ако сакаш по нивната крвава ораница со денови, со недели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Можеш ли да ми веруваш“, рече, „дека се до овој момент не знаев каква боја ти се очите?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кај уста ти се отвора, кога за ништо не ти повтува душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Зошто крилјата ти се спуштени и испрашени, фрлени на подот?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си го бришеше лицето, целото испотено, со својата голема нечиста престилка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не, не ти се лутам тебе туку на судбината која секогаш наоѓа начин да ја спростре сенката на неизвесноста над она што ќе посакам да го допрам за да проверам колку е мое!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откако ќе наврне човек најубаво спие. Покрај алиштата што ти се сушат. 189
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако си мала, не значи дека и грижите ти се мали. Некои грижи можат да се сокријат во черупка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ти се молам, поведи го и Славчета во Белград, поблиску е од Америка...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Истапив во дождот, кога ти повторно излезе и ме повика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А што ако имам некаква страшна болест и умрам од што не се грижи за мене, а на своите пациенти дење-ноќе им посветува внимание?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Де нешто ти се белее, де нешто зацрнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вака, сето тоа ти е толку безнадежно, што јас цел ден денеска само ти се чудам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти бацува рака, што се вели, и со предните нозе ти се качува во скутот. 131
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отидов и кај Сивевци, ја прашувам жената негова, а таа се чуди, се крсти и се домислува, - Велико, да не си сонувала нешто, ми вели, да не ти се јавил на сон Неделко, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да не ти се стопила свеќата под папокот? се сети.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе тргнеш по него и одиш, одиш, и едно време ќе ти се изгуби.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но изгледа не беа тоа вампирите што тебе ти се прикажуваат. Некои сосема понормални лигуши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мораш да признаеш дека во него има нешто големо. 20 февруари Роденденот ти се наближува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зад нас, полицијата штракаше фотографии, блицовите грмеа како молњи, самите светкавици беа сѐ уште далечни но полека се приближуваа, грмотевиците гласно тропотеа терајќи езерски ветер пред себе така што облаци од песок зуеја врз металните страни на амбулантната кола. жмиркајќи одевме кон осветлените прозорци на Златниот Брег додека сенките на љубопитници привлечени од ротационите светла итаа кон брегот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, тоа би било доволно да можат да го кажат она што Ацо Шопов го испеал во песната „ЈУ-Миткање“: „Пред тебе клечам како голтар/ што ти се заканува со ковчести прсти: престани да бидеш црква без олтар/ во која секој ќе се крсти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Но, тој нема дури ни таков мотив“.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На ист начин татко ти се однесуваше и кога те носев да те крстат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Тогаш требаше да го спречам чедоморството и да ти се вратам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На ѕидот наслика огниште како камин, божем изѕидано со византиски тули како сводовите на старите цркви, во огништето верушка со котле, а под него распламтена жар од дабова пенушка, очите да ти светнат ако не прстите да ти се стоплат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Писание, би рекла мајка. Што може да ти се запише на главата, не може на книга.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- „Што се срдиш, мори ќерко, толку, ѝ рекла свекрва ѝ, чунки тогај си дошла од работа, што зијан ти се стори?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ќе патуваш, ќе патуваш, дури и ќе ти се стемни од тоа, да знаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зошто се враќам, си велам, кога нема со кој збор да размениш: ни по кого да викнеш, ни кој да ти се одѕвие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АРСО: Ама зошто да го земеш, чорбаџи Теодосе, не ти се бендисува, кога за ништо не чини! Зошто ти е такво батал, јагурида...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И облеката ти се кине од студот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ТЕОДОС: (Му подава шамивче.) На, ти се молам, истреси...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Придружниците бројни ти се и моќни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
РИСТАЌИ: Ти се чудам што береш гајле ти! Тоа гајле е мое, не е твое.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не беа тоа провирни јадења, туку тешки и мрсни кои набргу се залојуваат и ти се лепат на устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас дојдов да ти се оддолжам, не си ми ги оставила децата на сокак“, без благодарност во очите рече тој.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Тебе сешто ти се причинува“, реков јас а без да проверам и самата дали ја кажуваш вистината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако сакаш да не ти се повтори годинашното, ќе требе да се позамислиш над него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова време само лиоти шетаат, вели, ова време никој на име не ти се одѕива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Педигри пал Како кутре ти се пикам под мишка.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
И само ти се суши устата и те тера да пиеш вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се стрчувам и јас со децата. Трчаме по нив и фрламе со камења, со стапови, со што ќе ти се вдаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Германец е - кусо одговори Марија. - Ти се допаѓа ли? Елена гледаше де во него, де во Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- А, во Дизниленд, кога ќе одам, а? Кога ќе пораснам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наеднаш, како што одиш, ќе ти се затегне виделото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ајде, стари, му велев, поаѓаме, одиме и чувај се да не излезеш од патот, да не се превртиш, да не ти се случи да ти згасне душата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Велам: слушаш ли што шепоти морето, бели острови ти се закануваат како оган во сонот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не треба ништо да носиш, освен подебел џемпер, гојзерици или цокули и волнени чорапи, тие патики ќе ти се распарталат на камењата и скрките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Љубоморна сум на сите тие твои соименици. Заради нив може да ти се случи мене да ме заборавиш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Божем некој друг ти печали та ајде, бабо Анчо, удри гори што повеќе. (Ја зима фурката и седнува на каменот) Да ти се невиди и среќата твоја вака...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Слушај џандару, немој да мислиш дека ти се плашам. Пет дена те нема и сѐ ти фали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ти дојде за смеење, па ќе се сетиш кај те водат и, смеењето ќе ти се поткине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но козите ти се некакви „јаничари” во редот на домашните животни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас не можев да сопрам од плачење. Немаше поп, а ни крст.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Има ова попладне прсти од блискост од свое. В месо да ти се вовлече и да молчи тешко и изморено, капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Не се плаши, ќе ти се врати ако тоа навистина го сакаш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На Твојата машка натура навистина $ требаше многу време (неколку години!) сосема да го разбере, а потоа и да го прифати она што Твојата луцидна пријателка постојано го преповторува: Посебните врски што јас ги одржувам со вашите книги ме водат до мисла дека за тоа што ме учат за вас е бескрајно подлабоко и побитно отколку с што би можеле вие да ми раскажете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога ќе ти се пее - плачи. Кога ќе ти згреши жената - удри по децата; кога ќе ти згрешат децата - удри по жената.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На Толета не му ни требаше повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Зошто? Зошто да ти се смеат другарите?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Па, некогаш кога тоа ќе ти се чини природно, прегрни ја, само биди сериозен и немој да изигруваш мангуп.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не дека не се посомневав оти може да е во прашање и такво нешто.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На некоја, ете, устата ѝ станала блага, мека, чиниш ѝ тече мед, друга те изненадила со долг и светол поглед, мил, срцето да ти го стопли, чиниш над главата ти се отворило небото, виножито, те гали, о боже, трета пак срамежливо ведне глава кон земјата, се срамува, кротко, како јагне, гледаш ѝ се позашилиле градите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да знаеш, да ти се случеше нешто страшно, ќе се фрлев од единаесетти кат – се растрепери сиот и уште посилно ме прегрна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што?! – рече мама. – Сега ќе се преправаш дека ти се спие само за да не те карам, нели?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ИВАН: Не е возможно! Ти се шегуваш!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се преценија и џабе ги фркнаа парите во кафезите кај овие што на леген јавно се измиваат и ти се кезат во лице.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„А дали ти се сметаш себеси за човек?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лилјакот, змијулчето. – А животните од ЗОО? – продолжува тој, мртов ладен, како да не ја забележува нејзината итрина: - Кое ти се допаѓа најмногу?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Стапалата ти се голи жртвеници чија крв така ја крштеваше земјата што таа за возврат не можеше да не ги помилува;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Мислиш ќе ти проговори, мислиш ќе ти се расплаче телето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па се труди и да те опече и да те помести од место барајќи ги твоите колена, за кои, најверојатно, во неговата глава смета дека ти се ерогена зона бр. 1... меѓу другото зашто само тие ти се подоткриенки, разголенки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ти се допаѓа, нели - се насмеа бабичката. - Земи си пак, ако сакаш. Зедов уште малку и ѝ заблагодарив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога ќе ти умре најмилото, сите други умирачки ти се едноставни.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
ДИМО: Ајде, ајде баба Ленке, ајде сестро… Ти зафати муабет со девојчињата, та не ти се станува!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
КЕВА: Ти се молам, Теодосе! Девојката мана си нема!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Животот ти е донегде како огледало: насмеј се, ќе ти се насмее, намурти се, ќе ти се намурти. Поарно да се смееме и да се веселиме!...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да ти се плукне на лебот што си го собирал во најсилна горештина. Кога се топи и железото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми вели онака, на поминување: „А бе Фердинанд, мајка ти се симна најмалку дваесет пати од седум саатот, да праша да не сме те виделе? Жими тебе!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Чади, што се вели, ти се зачадила душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шумата е таква: и да шепотиш, ќе ти се оѕвие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Душичке, ти се молам, разбери. Ако им се спротивставам, тие ќе ме откинат од тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Едноставно речено, згрешил, како што можеше и тебе да ти се случи, ако беше обложен со злато“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ти се качуваат по нозете, ти скокаат по лицето, те шетаат и те дупат по снагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш ми се пристори дека за да се сфати некоја порака сепак е потребно и да се размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако ги оставиш сами, можат да ти се налутат и цел живот да те мачат, да не те пуштаат да заспиеш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Монашки нишан: сведоштвото на Лука Блажениот 29 „Има нишани што ги следиш од рано детство без да знаеш зошто: - се будиш предзори додека сосема не се повлекла глувата сенка на ноќта кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи во запрепастувачки складен и топол мозаик, во фрески по ѕидовите, по подот, на сводот и сеќаваш кревкото, кршливото порозното, обезличеното се преобразува во својата виша смисла и ти се обзнанува: ни еден слом не е алогичен!; - тукушто си пркнал уште дете, стануваш аскет и заминуваш незнајно каде само (посакуваш!) да биде тивко, молебно створено и од природата, и од човека за деноноќно бдение за созерцание, вертикално понирање на веда - од небеса до подземи за живеење со жиг и жедба на монах ни горе-ни долу повеќе таму, одошто овде
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една прекрасна играчка - ќе ти се допадне“; потоа излезе на дождот, отиде до една мала продавница во близината, која сѐ уште работеше повремено и се врати со една картонска кутија, „Не лути се човеку“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги прислушкуваат сите разговори и потоа ти се смеат зад грб. Епа, нека се ебат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Токму кога размислуваше „ зошто“, ти се сомневаше во својата нормалност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Да ти се клекнам на умот, му велам јас, веќе го зедов на заб.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакам да ти се заблагодарам од сѐ срце за таа жртва, пријателу”.  „Јас имам мотив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Колената рана ќе ти се направат, а гарант си го утнала работ од долната ногавица, па мораш сѐ наново да повториш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ти се молам не зборувај за тоа, зашто мрак ми паѓа на очи!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Не замешувај ги моите сестрички, ти се молам не зашеметувај ме. Сите знаат ...“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А, агресивна е оваа нејзината нова.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зошто ти се желади? Да си ранам прасиња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас многу убаво чув сѐ што му порача на Методи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во Битола само на војници и на курви се сопкаш, велат. За едно кравајче леб ќе ти го кренат фустанот, велат, за една чаша ракија ќе ти се расчекорат, ќе те опчекорат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)