ти (зам.) - ова (зам.)

И мајка ѝ на Велика оди по нив. На ти ова. Не сака. На ти она, пак не сака. А тие чапји: викаат, бараат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ах, Богдане, бог да те убие, зар ти ова да ми го сториш...” офкаше болно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ама, чекај малку, да не го правиш ти ова за нешто друго? Имаш ли нешто друго ниет?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Сечи го ти ова, - му покажа Србин на Шишмана, а самиот тој се поткачи зад една буковица каде што местото беше поткренато и на колај за одмавање.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А еве, страв му е... Згрешил ли нешто?... Остави го ти ова... Цвеќиња. Сонце...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)