ти (зам.) - него (зам.)

Види го ти него, ни се страми, ни се плаши од некого.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Држи го ти него на пушката? — му рече Толе на Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Види го ти него, ќе дремел, човекот... да сме живи, па ќе видиме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Види го ти него... по војната тој нема да работи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Види го ти него! Зарем мислиш дека другарот Захаријадис може да кажува такви простачки селски зборови?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па овој трубачов... ја види го ти него. Кој би рекол...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Види го ти него, - поблаго додаде кога виде како Шишман пак ги оптегна рацете нагоре заедно со белата шамија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Види го ти него едепсас, што не ги зема кај него туку селово го прави беузур.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Гледај го ти него, цврст е како Јурук! - се инаетеше Бојан и удираше, удираше, решен да истрае. Тоа „јурук“ му дојде ненадејно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не ми беше право, признавам. - Види го ти него – си реков – значи Миру, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Види го ѕвер!... Види го ти него патриот — идиот!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со себе си): Види го ти него копил, и јас Грк, ама и тој погрк! (седнува прилепен до Николакија и со смеење): Бре, само што те нареков кир Николаќи и стана итар како мене.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
СТАРОСВАТОТ: Види го ти него, знае и да навредува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако почекаш уште малку наместо ти него тој ќе те исфрли тебе. Овој стан е на оној што ќе се избори за него.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Види го ти него што ни токми... - А бре, волу, тоа не е за пиење ами за миење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Их, мајката, и старецот во оваа црвена хартија гледа знаме. Види го ти него, слепецот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо и Коста свртија и се упатија накај управата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Види го ти него! Ме учи како да постапувам. Советник на послабиот пол!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А, Наум? Ах, само да го знаеше ти него. Чуда можеше тој да направи со тие негови вредни раце. За сѐ го бидуваше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И треба да знаеш, вели, ако не го заробиш ти него, ќе те зароби тој тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)