ти (зам.) - тече (гл.)

БОРИС: Знаеш што си ти? Копиле набиено со хормони. Ти течат од уши.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- И уште ноќе, додека под нозете ти тече крак на Вардар а косата ти ја мрсат жалните врби?  - Уште подобро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ти тече крв, рече некое од децата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Каде те слушам кај што говориш, санким мед ти тече низ устата. Блазе!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)